„Прашања и одговори: Како психолошки да го победиме корона вирусот“, е тема на утрешната онлајн информативна видеосесија што ќе започне во 18 частот.
Сесијата ќе се пренесува во живо на Youtube каналот на Влдата, како и на Фејсбук страната КоронавирусМК.
На сесијата ќе учествуваат Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија, когнитивно бихевиорален консултант при ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Психијатрија“ и Иво Куновски, психолог при ЈЗУ „Универзитетска клиника за психијатрија“.
Прашања за оваа видеосесија медиумите може да се испратат на електронската адреса: portparol@vlada.gov.mk најдоцна утре, 10 април до 10:00 часот.












