Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата дека еден новинар од ТВ медиум е позитивен на КОВИД-19, а истиот имал интервјуа со нив, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче додаде дека и двајцата лидери се тестирани за КОВИД-19, резултатот на Мицкоски е негативен, но тој ќе остане во задолжителна самоизлација во наредните 14 дена, а тестот на Заев ќе биде готов во текот на денов.
Новинарот е во стабилна здравствена состојба и моментално е на лекување во болницата „8 септември“.
А. П.