По информацијата на министерот за здравство Венко Филипче дека лидерот на СДСМ Зоран Заев и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се во самоизолација поради контакт со новинар за кој се утврдило дека е позитивен на Ковид-19, преку својот Фејсбук профил Заев потврди дека е во самоизолација во својот дом во Струмица.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158496285717932
„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша Заев.












