• Latest

Спасовски: Најважно е да се почитуваат мерките за да се сочува здравјето на секој поединец и заедница

April 10, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Спасовски: Најважно е да се почитуваат мерките за да се сочува здравјето на секој поединец и заедница

April 10, 2020 11:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Ги повикувам граѓаните на Куманово, како и во другите градови на земјата, да прифатат дека сега е најважно да ги почитуваме мерките. Бидете уверени дека ако го правиме тоа, со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1547892535388364

 

Ги преземаме сите мерки. За само 10 дена од 20 март до 1 април, преку мерките и иницијативите на Владата, во Општата Болница во Куманово, во Центарот за јавно здравје во овој град се доставени 2450 маски, 22.000 ракавици, 300 мантили, 60 скафандери, 1000 калјачи и 20 заштитни очила и одреден број заштитни визири.

За зајакнување на капацитетите на лекарскиот и другиот медицински персонал во Општата Болница во Куманово се упатени по еден лекар од Штип и Скопје, кои практично ја водат работата на инфективното одделение во кумановската болница. Донесена e одлука за зголемување на персоналот и лекарите кои работат надвор од Куманово да се вратат на работа во Општа болница Куманово.

На иницијатива на Министерството за здравство спроведени се обуки на медицинските техничари во Куманово по препораките на СЗО за постапување со пациенти заболени од Ковид-19.

Службата за итна медицинска помош во Куманово доби возило кое е опремено и ставено во употреба за во ситуација кога тоа на градот му е најмногу потребно.

Овие интервенции за засилување на стручните ресурси во здравствените капацитети во Куманово се континуитет на постојаната поддршка и вложувања во оваа насока од 2017 година. Во јули минатата година е пуштен во употреба новоизградениот Ургентен центар во рамките на Општата Болница во Куманово, а оваа година во јануари се отвори дисперзираната логопедска амбуланта во Здравствениот дом во Куманово.

Лекарите и сите останати здравствени работници во ниту еден момент на отстапија. Да го следиме нивниот пример, да им ја дадеме нашата поддршка.

Тешко е. Никогаш до сега не сме се соочиле со оваа социјална и физичка изолација, но со секој нов ден стануваме и посилни и заштитени. Сега е моментот кога треба уште повеќе да се поврземе во заедничката битка против заканата од вирусот.

Да направиме сите заедно побргу да дојде денот кога сето ова ќе го оставиме зад нас“, апелира премиерот Оливер Спасовски до своите сограѓани и сите граѓани во земјата да го почитуваат мерките донесени од Владата, а кои од денеска важат за целата држава – забрането движење од петок во 16 часот до понеделник 05 часот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ