Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук
Скриншот од видео на ВВС
Креирано со помош на ВИ
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24
Милорад Додик
Скриншот од видео на 10 News
фото: United Nations UN WATER
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Канал 5 со информации за новинарот Гоце Михајлоски, позитивен на Ковид -19

„Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на Корона вирусот, која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски. Како професионална и одговорна компанија , која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен“, се вели во известувањето на Канал 5.

Телевизијата информира дека новинарот на 28 и 29 Март бил во посета на своите родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30ти март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.  Во четвртокот и петокот, 1 и 2 април, во емисијата „Само интервју“, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што биле запазени сите протоколи. Првите симптоми се појавиле на  5 Април, на  6 Април, на барање на компанијата, Михајлоски е во самоизолација, а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирањ , но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање. На 7 Април  поради зголемената температура прави тест преку крв во приватна болница, кој покажува дека е негативен на корона вирусот. На 9 април, вчера заминува во Воена болница , каде е примен и утринава информира дека сепак е позитивен на Ковид-19.