• Latest

Предлогот за зголемување на акцизата на горивата оправдан за Владата, се подготвува уредба

April 10, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Предлогот за зголемување на акцизата на горивата оправдан за Владата, се подготвува уредба

April 10, 2020 13:22
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека би настојувале да го прифатат предлогот на Стопанската комра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа, но оти конечната одлука ќе ја има Владата.

„Тој предлог е на маса, веќе изработуваме предлог уредба, Владата е колективен орган кој носи одлуки, знаете дека сите предлози што потекнуваат и што се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо и дека треба, земајќи предвид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денара да се зголеми акцизата на нафата. Со Царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро ќе излеземе со точна инфирмација, но би настојувале да го прифатиме предлогот од Стопанската комора бидејќи сметаме дека има оправданост во едни вакви услови кога има голем пад на цените на нафтата, меѓутоа секако и кога има и намалена побарувачка“, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Кризата, дополни, не е поттикната од тие сектори, односно од економски шок, туку е од здравствен шок кој се одразува заради преземањето на мерките на секоја држава да го заштити здравјето на граѓаните, рече Ангеловса, одговарајќи на новинарско прашање.

Во пакетот решенија за справување со економските проблеми Стопанската комора предлага за два денара да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, а акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Нивните пресметки покажуваат дека со предложените мерки од акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати месечно би се прибрале 3,8 милиони евра повеќе односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Против предлогот за зголемување на акцизата на нафтените деривати е Асоцијацијата на превозници Макмтранс од каде оценија дека е нерационален и несолидарен.

Тие побараа Владата да не ја прифати предложената мерка, оценувајќи дека таа нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат, а тоа, истакнуваат, може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали и средни трговски друштва и земјоделците.

Како што појаснија од Макмтранс, зголемувањето на акцизата за нафтените деривати би значело постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото , односно да изнесува 17,121 денари.

„Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Така, микро, малите и средни бизниси, земјоделците да се жртвуваат, а на олигарсите да не им фали ни влакно од главата. Се надеваме дека оваа тешка ситуација барем малку ви покажа колку се важни превозниците, земјоделците, колку се важни сите мали бизниси кои 80 отсто го полнеа буџетот, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување. Крајно време е после 30 години некој од политичките партии да им каже на олигарсите ДОСТА Е, вратете нешто во стопанството и немојте да барате преку леб погача“, стои во писмото од Макамтранс до премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ