Нови 19 позитивни случаи на Ковид -19 во Куманово. Градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски, за Телма изјави дека според последната информација која ја добил Општинскиот кризен штаб бројката на заболени од овој вирус на ниво на општина Куманово се искачила на 160, додека во оштина Липково има два нови случи, а вкупно осум, со што вкупниот број на заболени од Ковид-19 во кумановско е 168.
Информациите се дека најмалку едно лице од новозаразените 19 позитивни е медицински работник.












