• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 23: Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат Ковид-19, заболените да не се жигосуваат, Чешката Република донираше еден милион заштитни маски…

April 10, 2020
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 23: Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат Ковид-19, заболените да не се жигосуваат, Чешката Република донираше еден милион заштитни маски…

April 10, 2020 23:00
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се негативни на коронавирус, тие остануваат во домашна изолација. Во однос на двајцата лидери на партиите – сите оние кои што досега имале контакт со нив со оглед на тоа што двата резултати се нагативни, не се во никаков ризик – не треба да се тестираат, ниту треба да се самоизолираат, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

*

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по добиениот тест дека е негативен на Ковид-19, на Фејсбук објави дека ќе остане во самоизолација онолку колку што е потребно.

„На уредникот на Канал 5 Гоце Михајлоски му посакувам брзо закрепнување, нему и на неговото семејство.

Воедно упатувам силна поддршка до новинарите и медиумските работници кои во овој период се изложени на ризик вршејќи ја својата работа за навремено и точно информирање на јавноста што е од огромно значење.

Граѓаните, сите ние мора да ги почитуваме мерките и задолженијата. Да седиме дома, да ја зголемиме личната хигиена и да ги намалиме физичките контакти. Само така оваа закана ќе ја пребродиме и полесно и побрзо. Зависи од сите нас“, објави Заев.

*

„Денеска сме особено благодарни на уште една ЕУ и НАТО земја членка, нашиот пријател и сојузник – Чешката Република, за несебично споделената опрема од еден милион медицински заштитни маски. Во мака се познаваат пријателите“, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

*

„Живееме во време (невреме) на светска пандемија или ако повеќе сакате, и локална епидемија на вирусот Ковид 19. Значи, не е грев, уште помалку срамота, човек да биде позитивен на коронавирусот. Напротив. Нормално е“, пишува првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.

„Овој вирус не бира националност, вера, политичка припадност, функција, работно место…

Ковид 19 позитивен, може да е било кој. На тие луѓе им треба поддршка, не жигосување. Со поддршка, секој од нас, на некој начин придонесува оваа инфекција помалку да се шири. Затоа, почитувани, Ве молам, без осуда (судење) јавно или суптилно“, објави Шилегов.

*

Коалицијата „Сите за правично судење” ги повика надлежните служби, вклучувајќи ги судовите, Судскиот совет, Министерството за правда, Управата за извршување на санкции, како и казнено поправните и воспитно поправните домови и установи, да ги преземат сите расположливи мерки кои се во нивна надлежност, а со кои би се придонело кон превенирање на потенцијална и сериозна инфекција со КОВИД-19 во установите каде се наоѓаат лица лишени од слобода.

(ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО) Куманово втор викенд со целосна забрана за движење

Птици, кучиња, по некој полицаец, неколку службени возила што се движат по празните улици…. Куманово, втор викенд со целосна забрана за движење, која од денеска 10 април се воведе во целата држава. Забраната важи од петок во 16 часот до понеделник во 05 часот. Во работни денови полицискиот час започнува во 16 часот и завршува во 5 часот наутро.

Дехран Муратов
Во соработка со Дијана Тахири и Биљана Јордановска


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ