Птици, кучиња, по некој полицаец, неколку службени возила што се движат по празните улици… Куманово, втор викенд со целосна забрана за движење, која од денеска, 10 април, се воведе во целата држава.
[envira-gallery id="134935"]
Забраната важи од петок во 16 часот до понеделник во 05 часот. Во работни денови полицискиот час започнува во 16 часот и завршува во 5 часот наутро.
Во Куманово на 3 април се воведе забрана и посебен режим на движење на населението. Досега во Куманово се заразени 168 лица од Ковид-19, а има и најголем број на починати граѓани од корона вирусот, вкупно 8 жители.
Биљана Јордановска