• Latest

Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите

April 13, 2020
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Две нови лаборатории за кратење на времето на добивање резултати од тестовите

April 13, 2020 15:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на неделата во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории – лабораторијата во МАНУ и во Институтот за судска медицина со што ќе се скрати времето на чекање на резултатите од тестовите за коронавирусот.

-Со ова капацитетот на бројот на тестирања во текот на денот се зголемува за 50 до 100 со што практично ќе се елиминира долгото чекање на резулати, со оглед на големиот број брисеви што стигнуваат во лабораторијата на ИЈЗ, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Во одговор на новинарско прашање појасни целта е да се скрати времето на чекање и резултатите да се добиваат за еден ден, односно 24 часа.

-Тоа што сега се обидуваме со двете лаборатории особено со таа во МАНУ, е практично во еден ден да се добиваат сите резултати од сите болници надвор од Скопје со систем на транспорт. Во таа смисла ќе се транспортираат материјалите на сите пациенти кои што се собрани во текот на претходниот ден и утрото ќе се испратат во лабораторијата за да може во една или најмногу во две тури да се изработат резултатите. Според информациите  што ги собравме утрово, а согласно просечниот број што го имаат болниците каде доаѓаат пациентите за дијагноза во Прилеп, Битола итн. сметаме дека овој капацитет од 50 на 100 на ден е доволен, рече Филипче.

Во моментов се прави рече и реорганизација на лабораторијата во МАНУ, која не е дизајнирана за ваков вид дијагноза, а очекува до среда најдоцна четврток овој систем да биде подготвен, односно чекањето на резултатите да се сведе на 24 часа.

Филипче најави и спроведување на скрининг во Дебар со оглед дека таму веќе нема новозаболени, а сите пациенти заздравуваат, за што ќе биде искористена донацијата од 20.000 тестови за скрининг за антитетела.

-Ќе направиме еден скрининг во бројка од 20-30 отсто од вкупното насление во регионите во кои досега имаше мерки на рестрикција на движење воведени уште пред вонредната ситуација со што сакаме да направиме скрининг на населението и да се процени имунитетот, што ќе биде одличен пример за тоа што би можеле да очекуваме и на ниво на целата држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг со антитела согласно времето на епидемијата, односно времето во кое се наоѓаме на епидемиолошката крива, посочи Филипче..

Додаде дека веќе е направен и распоредот за делење на еден милион заштитните маски донирани од Чешката Република, кои ќе бидат дистрибуирани до сите установи согласно нивната потреба.

Кон крајот на оваа недела се очекува да стигне и помошта од САД. во заштитна опрема, која, исто така ќе биде соодветно дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство.

Инаку, во изминатите 24 часа на Инфективната клиника во Скопје починале четири лица, има 26 нови случаи, со што вупната бројка на дијагностицирани пациенти е 854, а вкупен број тестирања изнесува 8552. Имаме и тројца оздравени, кои се лекуваа во Штип под контроал на локалните инфектолози.

Во однос на починатите лица, Филипче појасни дека тоа се пациенти со навистина тешка форма на болеста на возраст од 79, 58, 63 и 67 години.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти со што нивниот број е вкупно 68, а осум од нив се на механичка вентилација. Во тек е и дооппремување на Мобилната болница која располага со 100 лега, која, рече, за два дена треба да биде ставена во функција. Со тоа, според Филипче, ќе се дуплира капацитетот на Инфективната клиника.

Во болница „8 Септемрви“, информира Филипче, хоспитализирани се 31 пациент, од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во Битолската болница хоспитализтрани се пет пациенти кои се во стабило здравствена состојба нема тешка слика болеста, а во Штип се хоспитализирани девет пациенти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ