• Latest

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

April 13, 2020
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

April 13, 2020 17:18
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.873.863 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 116.045, а оздравеле 435.185 лица.

– Австрија утре влегува во втората фаза од борбата против коронавирусот, која ќе биде одлучувачка, соопшти денеска министерот за здравство и ги повика граѓаните да не уништат сè што досега беше постигнато во сузбивањето на епидемијата. Во Австрија утре се отвораат продавниците кои се со големина до 400 метри квадратни и продавниците за градежен и градинарски материјал, со задолжително носење маски – и продавачите и купувачите.

– Врвот на кризата со коронавирусот во САД би можел да се случи оваа недела, соопштија денеска американските здравствени власти, укажувајќи на знаците на стабилизација на состојбата во делови на земјата.

– Во последните 24 часа во Велика Британија се забележани 717 смртни случаи од Ковид-19. Вкупно починаа 11.329 лица. Во Велс од вчера има 313 нови случаи на заразени, односно вкупно 5.610, а вкупно 384 починаа. Во Абглија има 667 смртни случаи од почетокот на месецот, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 достигна 10.216 лица. Во Шкотска во изминатите 24 часа се евидентирани девет смртни случаи, а во Северна Ирска шест.

– Во послендите 24 часа во Србија се дијагностицирани 424 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 4.054. На респиратор се 138 луѓе.

– Косовските власти денеска ја ставија престолнината приштина во карантин, откако беше соопштено за 79 новозаразени во тој град.

– Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД се најмалку 557.590 заразени, а 22.109 починале од Ковид-19.

– Потврдениот број на заразени во Русија за едно деноноќие се зголеми за рекордни 2.500 случаи, што е 16-отстотен раст во однос на претходниот ден и сега во таа земја има над 18.300 заразени. Речиси две третини, или околу 11.500, од заболените живеат во Москва.

– Стотици лекари и медицински персонал во БиХ се на боледување на врвот на епидемијата на Ковид-19. Во земјата, до денеска, има над 1000 заразени и 39 починати.

– Како и Кина и Сингапур со соочува со втор бран од епидемијата. За 24 часа има 233 нови случаи. Властите нагласуваат дека 167 од нив немаат поврзаност со познат кластер на случаи.

– Полицијата во Подгорица поднесе кривична пријава против едно лице, бидејќи со мобилен телефон го снимал постапувањето на полициски службеници пред црква во црногорската престолнина. Снимката потоа ја споделил на социјалните мрежи, а што предизвикало „вознемирување на општествената заедница“. Тој е приведен и испитан за околностите на случајот, а надлежниот обвинител рече дека станува збор за кривично дело „предизвикување паника и нереди на штета на општествената заедница“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ