• Latest

Во тек техничка подготовка за лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма од излекувани, се очекува антивирусен лек од Јапонија

April 14, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во тек техничка подготовка за лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма од излекувани, се очекува антивирусен лек од Јапонија

April 14, 2020 08:54
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Заразата од коронавирусот во државава се движи кон пикот, а бројот на заболени секојдневно постепено се зголемува. Од вкупно 854 дијагностицирани, најголем број се од Скопје – 316, по што следуваат Куманово – 211, Прилеп – 75, Дебар – 49…. Излекувани се 44 пациенти, а 38 се починати. Од вкупниот број заболени, 117 се здравствени работници.

Во третманот на дел од пациентите со коронавирус на Клиниката за инфективни болести терапијата од комбинацијата на двата лека хлорокин и азитромицин дава резултат и добар дел од нив се пуштени на домашно лекување, но кај пациентите со најтешка форма на болеста таа не дава резултати.

Оваа најтешка форма на болест, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, и покрај сите преземени мерки, многу тешко може да се третира и за жал пациентите и покрај сите интензивни мерки на терапија, на лекување, на супортивна терапија, антибиотска и секоја друга терапија што доаѓа во предвид за други органи и органски системи, не само за белите дробови, не дава резултат.

По примерот на повеќе земји, се очекува и во државава да почне лекувањето на заразените со вирусот со крвна плазма од излекувани пациенти.

За користењето на крвната плазма, како што информираше Филипче, подготвен е протоколот и се работи на нејзино техничко подготвување.

– Колегите од Институтот за трансфузиологија се подготвени технички да го изработат одделувањето на плазмата, односно фракционирањето, а потоа ќе биде идницирано да се даде на одредена група на пациенти, согласно параметрите и начинот на манифестација на болеста, рече Филипче.

Тој посочи дека се обратиле до Јапонската амбасада за донирање на една форма на антивирусен лек односно дополнителна терапија како помош за сите земји.

– Во однос на дополнителна терапија ги пратиме светските трендови и очекуваме да стигнат и после формализирањето да документите, делот од терапијата што доаѓа преку студијата од светската здравствена организација денеска се обративме и официјално до Јапонската амбасада заради тоа што Јапонија најави деќа ќе донира една форма на антивирусен лек како помош за сите земји, рече Филипче.

Во државава досега се направени вкупно 8.552 тестирања за коронавирус, а во текот на неделава, како што е најавено, во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории – лабораторијата во МАНУ и во Институтот за судска медицина со што ќе се скрати времето на чекање на резултатите од тестовите за коронавирусот.

-Со ова капацитетот на бројот на тестирања во текот на денот се зголемува за 50 до 100 со што практично ќе се елиминира долгото чекање на резулати, со оглед на големиот број брисеви што стигнуваат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, рече Филипче и појасни дека целта е да се скрати времето на чекање и резултатите да се добиваат за еден ден, односно 24 часа.

Во насока на откривање на близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, граѓаните на своите мобилни уреди може да ја преземат апликацијата „Стоп корона“, што вчера беше презентирана. За да ја постигне својата цел апликацијата е потребно масовно да се користи и преземе од сите граѓани.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски рече дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не ги следи контактите и не користи, локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат, а единствен податок што го бара е мобилниот број на корисникот.

– Апелирам до сите граѓани што помасовно да ја преземат оваа апликација. Со помош на апликацијата сите даваме личен придонес во колективната борба со оваа наша заедничка опасност. Со апликацијата им помагаме и на здравствените работници кои секој ден се првата линија на борбата, истакна Манчевски.

Апликацијата функционира на принцип на анонимизирани шифри, така што, дава брз одговор на здравствените работници со кои лица бил заразениот во контакт во последните 14 дена, помага да се информираат потенцијално инфицираните лица за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување и помага за растoварување на здрваствените работници во поглед на анкетирањето на контактите со заболените.

– Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата. Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Министерството за здравство и ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви или некаде се чува податок за сопственикот на бројот, изјави Манчевски.

За еден ден апликацијата без официјална најава, веќе ја имаат активирано 5 000 корисници.

Во напорите за што побрзо справување со коронавирусот, Владата воведува уште позасилени мерки со кои полицискиот час се продолжува и за Велигден. Се забранува движењето за сите граѓани од 17 април (петок) во 16 часот, до 21 април (вторник) во 5 часот.

Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава од 16 април (четврток) во 16 часот до 21 април (вторник) во 05 часот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ