• Latest

УНЕСКО: За време на пандемијата на коронавирусот, „лажните вести“ ги ставаат животите во ризик

April 14, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УНЕСКО: За време на пандемијата на коронавирусот, „лажните вести“ ги ставаат животите во ризик

Некои луѓе погрешно веруваат оти младите луѓе се имуни и оние кои живеат во топлите клими или земји каде летото е на прагот, не треба да се грижат премногу. Mитовите за COVID-19 одат дотаму што се тврди дека пиењето јаки алкохолни пијалаци, изложувањето на високи температури, или обратно, на ладно време, може да го убие вирусот.

April 14, 2020 15:04
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Неверодостојните и лажните информации се шират ширум светот во толкава мера, што некои коментатори новиот пропратен бран на дезинформации во врска со пандемијата на COVID-19 го нарекуваат „дезинфодемија“. А растат и стравувањата дека овој феномен ги става животите во ризик, поттикнувајќи луѓе со симптоми на COVID-19 да пробаат на своја рака недокажани лекови во надеж дека ќе се „излечат“ .

„Скоро и да нема област која е поштедена од дезинформации“ 

Уште пред да се случи епидемијата на вирусот, УНЕСКО (Oрганизација за oбразование, наука и култура на ООН) издаде предупредувања за влијанието што политичката, технолошката, економската и социјалната трансформација го имаат врз тоа како разменуваме информации последниве години, осврнувајќи се на „контаминацијата“ предизвикана од оркестирани кампањи за дезинформирање, кои претставуваат закана на новинарството базирано на факти и, особено за време на актуелната пандемија, човечките животи.

Гај Бергер е директор за политики и стратегии во врска со комуникациите и информациите во УНЕСКО и едно од водечките службени лица на агенцијата на тема дезинформации. Во интервју за UN News, тој објасни дека лагите поврзани со сите аспекти на заразната болест COVID-19 станале вообичаена практика.

„Скоро и да нема област која е поштедена од дезинформации во врска со кризата со COVID-19, почнувајќи од потеклото на коронавирусот, преку недокажаната превенција и „лекови“, па сѐ до одговорите на владите, компаниите, славните личности и други. Во време на исклучително високи стравови, несигурности и непознаници, постои плодна почва за цутење и развој на фабрикациите. Преставува огромен ризик што секоја лага што зема замав може да го негира значењето на вистинитите факти“, вели Бергер. „Кога дезинформациите се повторуваат и преувеличуваат, вклучително од страна на влијателни луѓе, сериозната опасност е дека информациите кои се базираат на вистина, завршуваат само со маргинален импакт“.

Разбивање на митовите и опасностите од промовирање недокажани лекови

Поради степенот на проблемот, Светската здравствена огранизација, која го предводи одговорот на Обединетите нации на пандемијата, на својот сајт со совети околу коронавирусот додаде секција „разбивање на митови“. Секцијата ги побива фасцинантната низа на митови, вклучително тврдењата дека пиењето јаки алкохолни пијалаци, изложувањето на високи температури, или обратно, на ладно време, може да го убие вирусот.

Бергер забележува дека некои луѓе погрешно веруваат оти младите луѓе или оние од африканско потекло се имуни и дека оние во топлите клими или земји каде летото е на прагот, не треба да се грижат премногу. Веројатната последица, вели тој, е самоувереност која може да доведе до повеќе случаи на предвремена смрт.

Тој исто така посочи на уште поштетен пример за дезинформации: поттикнувањето да се земаат медикаменти, одобрени за други намени, но кои сѐ уште не се клинички докажани како ефикасни против COVID-19.

Добрите, лошите и лековерните

За жал, вели Бергер, некои ја искористија пандемијата за да шират дезинформации за потребите на остварувањето на нивните сопствени агенди: „Мотивите за ширењето на дезинформациите се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат политичките цели, себепромоцијата и привлекувањето внимание како составен дел од бизнис модел. Оние кои го прават тоа, си играат со емоциите, стравовите, предрасудите и незнаењето, и тврдат дека ѝ даваат смисла и сигурност на реалноста која е комплексна, предизвикувачка и брзо променлива“.

Но не сите одговорни за ширењето невистини го прават тоа со малициозна намера. Добронамерните луѓе исто така некритички проследуваат сомнителни содржини. Кои и да се причините, последиците се исти: „Различните мотиви бараат различни одговори, но не треба да го занемариме фактот дека, без разлика на намерата, ефектот на споделување лаги е да се дезинформира и разниша довербата на јавноста, со смртоносен потенцијал“.

Изнесување и барање на вистината

Што може да се направи против оваа појава, за да се погрижиме вистинитите, корисни и потенцијално животоспасувачки информации да добијат поголема видливост? Одговорот на УНЕСКО, вели Бергер, е да се подобри испораката на вистинити информации и да се осигура задоволување на побарувачката: „Истакнуваме дека владите, со цел да се справат со гласините, треба да бидат потранспарентни, и проактивно да откриваат повеќе податоци, во согласност со законите и политиките во врска со правото на информирање. Пристапот до информации од официјални извори е многу важно за кредибилитетот во оваа кризна состојба“.

„Сепак, ова не е замена за информациите кои ги испорачуваат медиумите, така што исто така ги интензивираме нашите напори да ги убедиме властите да согледаат дека слободното и професионално новинарство е нивен сојузник во борбата против дезинформациите, особено бидејќи медиумите работат отворено во јавната сфера, додека многу дезинформации се надвор од радарот, циркулирајќи во пораки на друштвените апликации“.

УНЕСКО, продолжува Бергер, особено ги повикува владите „да не поставуваат рестрикции на слободата на изразување што можат да ѝ наштетат на есенцијалната улога на независните медиуми, туку да го препознае новинарството како моќна алатка против дезинформациите, дури и кога објавува верифицирани информации и информирано мислење кои ги нервираат оние на власт. Треба сериозно да се земе предвид дека медиумите заслужуваат да бидат препознаени и поддржани од владите како есенцијален сервис во овој момент“.

За да се задоволи потребата од официјални факти, УНЕСКО споделува што е можно повеќе веродостојни информации за јавното здравје преку медиумите, каналите, во партнерство со агенциите како СЗО.

УНЕСКО исто така работи на тоа да им помогне на луѓето да станат покритични кон она што им се презентира онлајн или на друго место, како факт, за помалку да веруваат на лаги и да ги шират истите. Агенцијата ги користи хаштаговите #ThinkBeforeSharing, #ThinkBeforeClicking и #ShareKnowledge и го промовира ставот дека правата на слобода на изразување и пристап до информации се најдобрите лекови за опасностите од дезинформациите.

Овие права, вели Бергер, „им овозможуваат на владите и јавноста да носат одлуки за реалноста базирани на докази и да воспостават одговори (на здравствената криза) кои се базираат на науката и вредностите на човековите права и кои можат да ни помогнат да ја пребродиме пандемијата на најдобар начин“.

За официјални информации за коронавирусот, посетете го веб-сајтот koronavirus.gov.mk.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ