• Latest

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај

April 15, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај

April 15, 2020 13:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година, најави денека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

Таа посочи дека Владата донесе уредба за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба со која се предвидува ослобдување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2020 година, како и уредба со која се предвидува осолободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година.

-Единствена цел на овие меркии е помош и поддршка да се преброди полесно овој тежок период за секој поединец и компанија кој ги трпи последиците од корона-кризата. За да го користат ова право даночните обврзници треба да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или дргу вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник од денот на влегување во сила на уредбата до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020 година, како и да не го намалат бројот на вработени  сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека обврзниците од останатите дејности правото на ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка може да го остварат доколку вкупните прходи на даноните обврзници да се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година. Покрај тоа, правото може да се оствари и доколку намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година, како и доколу бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодвачот заради спроведување на мерките изнесува најмалку  25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или, пак, даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот како подружници, продажни објекти и слично.

-Даночните обврзници го остваруваат ова право со електронско поднесување образец – барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка -ДДОМА преку системот е-даноци на УЈП. Досега до УЈП се поднесени и прфатени вкупно 370 барања, рече Лукаревска.

Ослободувањето од плаќањето на данок на личен доход, додаде, се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претпрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Обврзниците кои остваруваат доход од вршење угостителска дејност, туризам и транспорт не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанување на важноста на уредбата освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен. Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење за да добијат ослободување треба да им се намалени вкупните приходи за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година или, пак, бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките да изнесува најмалку  25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот, посочи Лукаревска.

За користењето на ослободувањето, како што кажа, самовработените лица поднесуваат барање за ослободување од плаќање на износот за аконтациите на данокт на доход од вршење самостојна дејност – образец ДЛДОМА преку системот е-персонален данок на УЈП.

-УЈП овозможи автоматска обработка на поднесените барање при што обврзникот добива повратна порака за статусот на барањето. Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно – март, април и мај 2020 година и обврзниците не треба да поднесуваат барање за скоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека барањето е комплетно и дека е прифатено автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за март, април и мај 2020 година. Доколку обврзикот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредни поднсени барања ќе добијат статус на отфрлени. Доколу, пак, направил грешка при пополнувањето поради што барањето е отфрлено треба да поднесе ново барање, појасни Лукаревска и ги повика сите кои ги исполнуваат условите да поднесат барање до УЈП.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ