• Latest

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19

April 15, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19

April 15, 2020 21:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 28 пациенти заболени од коронавирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која од 22 март официјално со одредба на Владата и на Министерството за здравство е официјален тријажен центар за пациенти со Ковид 19 во земјава, Од таа бројка, тројца пациенти починале, а една 26-годишна пациентка е излекувана, изјави вечерва директорот на Градската општа болница, Христијан Костов.

Во гостување во емсијата Топ тема на ТВ Телма Костов рече дека е ивршена реорганизација во болницата и дека капацитетот  се проширува согласно бројот на пациенти кои ќе се јават во Тријажниот центар,а кои доаѓаат од целата држава.

– Почнавме со една третина, а сега околу 70  отсто од капацитетот на болницата е во служба на оваа болест. Што се оденсува за интензивното лекување во моментот имаме 15 респиратори, имаме шест пациенти кои се позитивни и се на респираторни машини, меѓутоа во интензивниот карантински дел кој е одвоен за пациентите позитивни на коронавирусот има вкупно 16 места каде би можело да се постават респиратори. Во болницата има вкупно 50 такви места со довод на кислород каде би можел да се постави респиратор. Сега за сега еден мал дел од капацитетит е искористен, вели Костов.

Сега за сега, вели, немаат потреба од поголем број респиратори, но се во корелација со МЗ и дококу има потреба веднаш би се донеле.

Во однос на персоналот на одделот за интензивна нега појасни дека се направени неколку групи од персоналот на интензивна нега на одделите за хирургија,, интерна и на неврологија кои доаѓаат во смени и работат според протоколите, а секое медицинско лице си носи соодветна заштитна опрема согласно протоколите на СЗО.

– Ние ги имаме протоколите според СЗО и МЗ и точно се знае кој од медицинскиот персонакл во кој дел и каква опрема носи. Во тријажниот оддел е едно ниво на заштитна опрема, во колку е оддел каде се ниско суспектни со лесна клиничка слика тие се со друга заштитна опрема и еден дел кои се кај позитивните од коронавирусот  тие се со највисоко ниво на заштитна опрема, подвлекува директорот на болницата.

Во однос на опремата, тој посочува дека сега се добро снабдени со заштитна опрема, нешто добиле на тендерска процедура, дел од МЗ кое има залихи, но и од приватни фирми и поединци кои им донираат таква опрема.

Инаку, од персоналот досега имаат позитивни на Ковоид една медицинка сестра и еден болничар, кои се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување

Како тријажен центар кој прима пацинети од цела држава кои се итни случаи, доколку е потребна каква било хируршка или медицинска интервенција, а најчесто се, вели Костов, инфаркти, и ако станува збор за лица од суспектни подрачја, тогаш лицето го третираат како да е позитивно на корона, ја извршуваат интервенцијата и потоа му се зема брис резултатите ги добиваат за 12 до 24 часа, бидејќи имаат предност при изработката на тестовите во ИЈЗ и ЦЈЗ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ