• Latest

Д-р Ставриќ: Во Македонија не владее правото, туку исклучиво, политичката сила!

February 19, 2016
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Д-р Ставриќ: Во Македонија не владее правото, туку исклучиво, политичката сила!

February 19, 2016 16:39
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Очниот хирург Дејан Ставриќ, минатата недела, од скопскиот Апелационен суд е осуден на условна казна од една година затвор, откако претходно Основниот суд 1, по вторпат го осуди со затворска казна од една година, за барање поткуп од 2.000 евра за посредување при добивање на инвалидска пензија.  

Како поранешен синдикален лидер д-р Ставриќ, се сомнева дека токму неговото водство на штрајкот на лекарите против наметнатите реформи во здравствениот систем, кои наидоа на контроверзи кај здравствените работници и на реакции од пациентите, било пресудно за неговото притворање.

Во интервјуто  за ЦИВИЛ Медиа, во рамки на проектот „Социјална правда, сега!“, објавено на од 29 април, д-р Ставриќ изјави дека целиот случај е класична монтажа.

„Ме уапсија на начин на кој би можеле да му завидуваат и режисери од Холивуд. И Боливуд. Беше супер-подготвена организација, мислам дека 100 службеници на полицијата беа присутни на апсењето. Тоа е еден голем срам за нашите институции, а пред сé, за тие кои го спроведоа тоа“, изјави Ставриќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

По едногодишна гологота по судовите, д-р Ставриќ не е задоволен од одлуката на Апелација, и подготвен е невиноста да ја докаже на релевантни и реални судови во моментот, а тие, според него, се надвор од нашата држава. Дециден е дека, за жал, во Македонија „имаме имитација на институции кои не работат за граѓаните, туку за своите налогодавачи“.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=JehPbK3aBA4[/youtube]

„Одлуката од Апелациониот суд е донесена, мериторна, со која сум осуден, и со тоа се чувствувам целосно оштетен и онеправдан, затоа што се работи за, како што стои во карактеризацијата на Стејт Департменот и ЕУ од минатата година, за политички мотивиран и полициско–судски монтиран процес. Апелација ја повтори пресудата на Основниот суд во Скопје, која беше тотално неоснована и бесправно донесена, како во смисла на постапка, така и во однос на правниот дел како пресуда.

Дали ќе се жалиме понатаму, ќе видиме, затоа што дефинитивно немаме доверба во македонското судство, не само јас, туку и адвокатската канцеларија која работи на овој случај, а и мнозинството од граѓаните, затоа што се сведоци на селективната правда која се случува во Македонија. Мојот случај може да се спореди со актуелните случувања. Во случај кога немаме дело, се осудува човек по секоја цена, и се држи без проблем во притвор, а во случаи на тешки криминали, луѓето шетаат слободно и дури судовите се борат – истите да не добијат притвор.

Може да се случи и ќе се случи сигурно, жалба до релевантни и реални  судски инстанци кои не постојат во Македонија, туку се во странство, затоа што целокупната процедура во оваа полициско-судска монтажа, во мојот случај, претставува повреда на сите човекови права, на сите уставни права, со кои се занимава судот во Стразбур. Оваа жалба ќе биде по многу основи, меѓутоа, она што е дилема сé уште е: дали ќе се бара оштета од државата или директно од чинителите во овој процес? Затоа што сметам дека одговорноста мора да биде индивидуализирана, мора некој што номинално стои како судија, а се однесува како џелат, да одговара за тоа, и мислам дека во блиска иднина тоа ќе го знаеме.

Независно од мојот случај, независно од процесот, сметам дека до промени мора да дојде за доброто на сите нас. Бидејќи сме поделено општество, важи еден начин за „нивните“,  за оние што се на власт, а за сите други важи друг начин. До промени мора да дојде, затоа што не можеме да живееме во поделено општество во кое едни ги уживаат сите права, а другите немаат никакви права. Тоа се општествени системи кои од 18 век наваму ги нема во другите делови на Европа. Ние сме вратени во едно феудално уредување, како по основ на сопственост, така и по основ на владеење. Тука не владее правото, владее исклучиво политичката сила! Институциите поистапуваат во функција на политичкиот естаблишмент и тоа мора да се смени. Не за мене и за мојот случај, туку за доброто на сите нас. Не само судството, не само полицијата, сите институции мора да бидат нормализирани, затоа што во моментот, државни институции – немаме. Ние имаме имитација на институции кои не работат за граѓаните, туку за своите налогодавачи.

А дали мојот случај е пример за другите синдикални лидери? Да. Мојот случај е закана, многу конкретна, многу јасна, до лекарите, до истомислечките луѓе, до синдикалните лидери… Мислам дека истите тие, на кои им е наменета, треба да реагираат, не со страв и со молчење, туку со гласност и со мисла!“.

Биљана Јордановска

Камера Никола Угриновски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Дејан СтавриќпоткуппресудаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ