• Latest

17 април, вонредна состојба, ден 30: Говор на омраза на Велики Петок, денарот останува стабилен, вкупно 1117 случаи на КОВИД-19…

April 17, 2020

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

17 април, вонредна состојба, ден 30: Говор на омраза на Велики Петок, денарот останува стабилен, вкупно 1117 случаи на КОВИД-19…

April 17, 2020 17:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Европска Комисија до МПЦ: Сите имаат обврска да го заштитат јавното здравје

Европската Комисија (ЕК) во реакција до МИА се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението.

Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, потсетува дека сите земји, во ЕУ и во светот, воведуваат вонредни мерки поради глобалната пандемија на КОВИД-19 и дека врвен приоритет овој период е заштитата на јавното здравје на населението. Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем.

„Ова се времиња без преседан и националните власти треба да ги имаат потребните алатки на располагање за да делуваат брзо и ефикасно за заштита на јавното здравје на нивното население“, изјави Писонеро.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, финансиската поддршката од ММФ ќе помогне за добивање поддршка и од други извори

„Како што со години наназад е стабилен, така и отсега натаму, денарот ќе биде стабилен. Потврда за тоа се и инструментите коишто централната банка ги има на располагање доколку е потребно да се употребат во функција на задржување на стабилноста на денарот. Еден од клучните инструменти, секако е високото ниво на девизните резерви од околу три милијарди евра, што и самото по себе е гаранција за стабилноста на домашната валута“, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод учеството на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 30

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3 и Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1117.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години.

*

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди за МИА директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова. Таа кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.

*

Негативни се резултатите за двајцата инфектолози и главната медицинска сестра на штипското Инфективно одделение, кои во изминатиот период беа секојдневно на своите работни места и работеа во услови кога 14 здравствени работници беа во самоизолација, информира денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Тој посочува дека ова е позитивна вест, а здравствените работници кои се буквално на првите борбени линии им помагаат на хоспитализираните пациенти кои се на лекување од Ковид 19, истовремено и добро се заштитуваат. На ова одделение во текот на викендот на работа треба да се вратат 10 здравствени работници, кои по вториот тест се покажаа дека се негативни.

*

Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се позитивни на коронавирус, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.

„Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација“ изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

*

Попладне во 16 часот започна 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

*

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 16/17.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

*

Неколку припадници на Армијата во кратко видео со пораката „Спаси живот, држи растојание“ ги советуваат граѓаните да се држат до препораките и мерките за заштита од корона вирусот. Видеото е снимено во Куманово и Прилеп, каде припадници на Армијата се распоредени за одржување на редот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. За време на разговорот беа разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Пендаровски го информираше австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.

*

Заради заштита на јавното здравје на граѓаните, а како резултат на преземање на мерки за спречување на ширење на корона вирусот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба со законска сила, прецизно се уредува начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај во услови на траење на вонредната состојба и истата гласи: При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.

*

„Економските ефекти на корона вирусот ги чувствуваме апсолутно сите. Го разбираме вашиот страв. Загрижени сте за своите работни места, за вашите компании, се прашувате како да ги подмирите месечните трошоци“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ на денешната прес конференција одговарајќи на најчесто поставуваните прашања на занаетчиите.

*

На денешната прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши, меѓу другото, ја информираше јавноста за новите мерки на Владата што се однесуваат на задолжителна редарска служба кај сите трговци, а за турканици пред маркетите глоби од 500 до 2.000 евра.

ГОВОР НА ОМРАЗА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК

„Ако корона вирусот не распознава партиска, религиска, социјална и економска разлика кога напаѓа одреден имунолошки систем, вирусот на омразата присутен кај вмровските партиски ботови не само што се шири еднакво пропорционално со ширењето на пандемијата на КОВИД-19, туку има и одредена целна група“, се вели во денешното разобличување на говор на омраза на социјалните мрежи од ЦИВИЛите.

Причина за таквиот манир е вчерашната изјава на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски дека е позитивен на КОВИД-19. Па во „духот на христијанството“ на овој ден Велики Петок, кој го симболизира Христовото страдание, решија дека најдобар начин да го одбележат е со говор на омраза и напади.

„Она што останува нејасно е дали навистина овие ботови не се свесни во каква состојба се наоѓа државата во моментов, која патем ја води техничка Влада, во која се и членови од нивната партија, кои исто како и градоначалникот Димитриевски, секојдневно се изложени на опасноста од тоа да бидат заразени од КОВИД-19.

Но, кога си верник, веројатно е многу полесно да шириш говор на омраза и потоа да го повикаш Бог напомош. За што сведочат фотографиите во продолжение“, се вели понатаму во реакцијата на ЦИВИЛите.

Но, тука не е крајот. Ако граѓаните „понесени“ од партиски побуди и заблуди „грешат“, тоа најмалку се очекува од Црквата и од свештените лица. Ама дека „верата“ најмногу се зацврстува преку социјалните мрежи, покажува и постот на Фејсбук профилот на Отец Иван Стојменов кој вели:

„Педерите, лезбејките, атеистите и сличните на нив секако не одат на црква, дозволете им барем на оние кои веруваат во Бога да дојдат на Велигден во црквите да му благодарат на Бога за она што го имаат, да го помолат за она што им е потребно и да го прослават Воскресението Христово“.

Отецот Стојменов подоцна се извини и побара од оние кои се вознемириле од неговата објава да му простат, најверојатно како „прав христијанин“  можно е Бог да го „просветлил“.

ЦИВИЛни АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ остро реагира и го осудува говорот на омразата што се шири на социјалните мрежи по повод објавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дека е позитивен на Ковид-19.

Говорот на омраза, во услови на вонредна состојба и справување со пандемија може уште повеќе да ги загрози човековите права и слободи. Ширењето говор на омраза за партиски и политички профити, на сметка на туѓото здравје и живот, само ја продлабочува кризата и ја деградира политичката култура во земјата. Наместо да помогнат и да се солидаризираат, одредени политичари очигледно ја користат пандемијата како можност да шират говор на омразата.

Независно од партиската или верската определба, ЦИВИЛ бара да престане ширењето на говорот на омраза и повиците на насилство.

ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат и да ги санкционираат ваквите напади, соодветно на законите, а јавноста ја повикува да го осуди ваквото однесување.

Само со заедничко спротивставување на ваквите појави можеме да ставиме крај на говорот на омразата и да помогнеме во борбата против пандемијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дали Исус и Мухамед би славеле додека нивните блиски би биле завиени во тага?“, прашува Јасмин Реџепи додавајќи: Како, покрај сите набројани тешки состојби, можеме да мислиме на празници и славења? Дали Бог е задоволен од таков несолидарен, себичен и лицемерен чин? Дали Исус и Мухамед би славеле додека нивните блиски би биле завиени во тага? Јас си одговорив себеси. А би сакал да ги видам сите луѓе сплотени и солидарни, да ги прослават своите празници откако ќе заврши здравствената криза, славејќи победа над болеста, во нормални, а не вонредни услови.

Биљана Јордановска

во соработка со Ангела Петровоска и Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ