• Latest

Говор на омраза од партиски функционери насочен кон политичките опоненти

April 17, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза од партиски функционери насочен кон политичките опоненти

April 17, 2020 12:00
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако корона вирусот не распознава партиска, религиска, социјална и економска разлика кога напаѓа одреден имунолошки систем, вирусот на омразата присутен кај вмровските партиски ботови не само што се шири еднакво пропорционално со ширењето на пандемијата на КОВИД-19, туку има и одредена целна група.

Во продолжение следува мала вивисекција на однесувањето на просечен демохристијанин, вмровец, член на комитетот во Ѓорче Петров во деновите на строгиот велигденски пост.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вчера и се обрати на јавноста откако дозна дека е позитивен на новиот корона вирус.

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/1866700636793701

Реакцијата на просечниот вмровец е следна: „Обиџуко, мапирурде, бутер першенге, јеке јеке… егоменгоро… маска јок, а? Максо набутинавле цел… окоркоро…“, алудирајќи и радувајќи се на можноста градоначалникот да заразил неколку претставници од државниот врв. Онака по сите христијански начела и традиции…

Но омразата не е насочена исклучиво кон партиските опоненти, туку и кон една цела етничка заедница, служејќи се со јазикот на таа заедница, прилагоден и употребен за потсмев.

Потоа следува: „Максо брату, изгушка ли га Оливера вчера?“, прашање од чиј одговор веројтано зависи понатамошното празнично расположение на авторот.

Но, овој партиски бот не е единствен во своето делување, а дека ништо друго не е важно, освен партиската агенда покажува и една битолчанка, која себе си се опишува како лојален и посветен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Дотолку лојален што на целата мака и криза во државата единствено што и е важно е да имаат мнозинство во Владата.

Она што останува нејасно е дали навистина овие ботови не се свесни во каква состојба се наоѓа државата во моментов, која патем ја води техничка Влада, во која се и членови од нивната партија, кои исто како и градоначалникот Димитриевски, секојдневно се изложени на опасноста од тоа да бидат заразени од КОВИД-19.

Но, кога си верник, веројатно е многу полесно да шириш говор на омраза и потоа да го повикаш Бог напомош. За што сведочат фотографиите во продолжение.

 

На страна партиските и верските определби на секој еден од овие ликови, ваквото ширење на говор на омраза и повици на дела од омраза мора да престане! Во посебно обраќање до јавноста, ЦИВИЛ ги повикува институциите да реагираат на говорот на омразата, соодветно на законите, а јавноста да го осуди ваквото однесување.

Заеднички коментар на ЦИВИЛите

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ