• Latest

Од Куманово, Тетово и Прилеп ќе зависи олеснувањето на мерките и враќањето во нормала

April 20, 2020
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Од Куманово, Тетово и Прилеп ќе зависи олеснувањето на мерките и враќањето во нормала

April 20, 2020 17:25
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во месец мај Владата предвидува олеснување на актуелните мерки и тоа на две фази. Првата фаза се очекува да започне од почетокот на мај со кратење на полицискиот час, но под услов граѓаните да носат заштита како маска, шал или марами, како и да ја почитуваат дистанцата од две метри и забраната за групирање, тврдат извори од владата.

Во втората фаза, доколку првата се спроведува успешно, Владата планира да ги отвори индустриските капацитети и рестораните/кафетериите, но на почеток со ограничен капацитет од 20%. За училиштата извршната власт одлучила да не се отварат барем до септември кога почнува новата учебна година. Официјално владините функционери не даваат детали за текот на планот за омекнување на мерките, но најавија дека овој процес ќе почне одма после првомајскиот празник.

„Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш”, најави премиерот Оливер Спасовски.

Но за тоа дали ќе се спроведе горенаведениот план, ќе зависи од однесувањето на граѓаните на Куманово, Тетово и Прилеп.

Во овие три општини со последните мерки од Владата, употребата на маските ќе биде задолжително од 22.4. 2020г. среда. Ако граѓаните на овие три општини ја почитуваат мерката успешно, тогаш истата ќе почне да се спроведе и на сите други општини и реализацијата на планот ќе тече според планираното. За трите градови со најголем процент на заразени од корона вурусот,

Владата не планира да почне со казни од почеток доколку не се почитува мерката за носење на маски. Од Владата брифираат дека првата недела ќе почнат со предупредување, а од втората недела со казни, за што се надеват дека нема да има потреба. Но и во такви случаи казните ќе морат да бидат докажани со слики на затекнати граѓани без маски, или на групи со повеќе од двајца.

А. Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ