• Latest

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

April 20, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

April 20, 2020 19:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.444.209 лицa. Од нив починати се 167.986, а оздравеле 640.252 луѓе.

Хонг Конг – Денеска нема ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус. Таму се регистрирани 1.025 инфекции и четири смртни случаи. И покрај топа, Владата не ги укинува дел од вонредните мерки.

Велика Британија – Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми за 449 лица во последните 24 часа. Тоа е најмало зголемување на смртните случаи во земјата од 6 април досега. За споредба, вчера се пријавени 596 смртни случаи, а 888 смртни случаи еден ден порано. Од почетокот на епидемијата, во британските болници починале 16.509 лица, а вкупно се заразени 124.743. Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека главната загриженост во земјата е да се избегне нов бран на зараза доколку ограничувањата наметнати поради коронавирусот се укинат премногу брзо.

Унгарија – Властите во државата на 3 мај ќе објават план за излез од ограничувањата воведени поради епидемијата. До тој датум во сила се вонредните мерки. Премиерот Виктор Орбан нагласи дека нема гаранции дека епидеммијата че биде ставена под контрола.

Германија – Германија мора да остане будна и дисциплинирана во својата борба против новиот коронавирус за да избегне нов бран во наредните недели, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. „Мора да останеме внимателни и дисциплинирани“, рече Меркел. Таа додаде дека Германија за две недели ќе види дали делумното ублажување на ограничувањата во јавниот живот ја зголемило стапката на заразени. Во Баварија сите ќе мора да носат заштитни маски во продавници и во јавен превоз.

Јапонија – Јапонските лекари предупредуваат властите да направат повеќе за да се избегне преоптоварување на здравствениот систем во земјата, со 10.000 случаи пријавени оваа недела, иако е воведена вонредна состојба. Експертите се загрижени за стотици случаи на заразени од Ковид-19 што се откриваат секој ден во земјата. Иако пандемијата во Јапонија е под нивото достигнато во најпогодените европски земји и САД, земјата има најголем број заразени во Азија зад Кина и Индија.  Според најновите податоци на јапонското Министерство за здравство, 171 лица починале од 10.751 пациенти од почетокот на кризата. Бројот на пациенти се зголеми за речиси 400 за изминатите 24 часа.

Стразбур – Од избувнувањето на пандемијата со КОвид-19, има драматично зголемување на пријавени случаи на насилство врз жени и семејно насилство, како во светот така и во земјите членки на Советот на Европа. Тоа се наведува во декларација на Комитетот на Истанбулската конвенција за спречување и сузбивање насилство врз жени и семејно насилство. Иако во многу земји, пандемијата доведе до забавување на работата на судовите и одложувања на судски рочишта, безбедноста на жртвата и нејзините деца треба да остане приоритет за спроведувањето на законот и судските органи, се вели во декларацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ