• Latest

(23:00) Расте бројот на излекувани пациенти, намалени рестрикции, нови одлуки…

April 22, 2020

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Расте бројот на излекувани пациенти, намалени рестрикции, нови одлуки…

April 22, 2020 23:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ЛЕКУВАЊЕ Во Дебар веќе седми ден нема новодијагностицирани со КОВИД-19 а само уште двајца од досега заразените се на домашно лекување.

„До сега извршени се повеќе од 250 тестирања,при што позитивни  на КОВИД-19 се 51 лице,од нив двајца од Центар Жупа. Исто така извршени се повеќе од 50 ретестирања за да се потврди негативниот резултат, односно дека заболените лица се оздравени“ изјави за МИА, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

*

РОДОВО НАСИЛСТВО Во повеќе земји во светот расте стапката на семејно насилство, како последица на мерките за самоизолација што се преземаат за справување со ширењето на корона вирусот.

*

ИНИЦИЈАТИВА Триесетина пратеници од СДСМ, НСДП, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА се потпишани на иницијативата на пратеничката група на СДСМ за свикување седница на Собранието на која би се потврдиле двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба во државата од по 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.

*

РЕСТРИКЦИИ Од утре се намалуваат рестрикциите на движењето, објави министерот Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро, посочи Филипче.

*

ДЕМАНТ Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска соопшти дека во целост ги демантира наводите на мајката со четиримесечното бебе, која тврди дека лежат во болница и ниту еден доктор за тоа време не дошол да им ги каже резултатите од тестовите за КОВИД-19.

*

ПОЗИТИВНИ ВЕСТИ „Расте бројот на излекувани пациенти и тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари.  Досега се излекувани вкупно 272 лица, а најнови од нив се 48 лица, од кои шест се лекувале во болница и 42  во домашни услови“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче попладнево на онлајн прес-кпонференција заедно со премиерот Оливер Спасовски.

„Бројките ни покажуваат дека имаме мал број на заразени возразни лица кои се најризична категорија за кои може да кажеме дека се заштитени токму поради досегашните мерки. Во последните три дена има последователно повеќе оздравени од новозаразени граѓани на Република Северна Македонија“, рече Филипче.

*

ДРЖАВНА МАТУРА Во однос на олабавување на мерките за кои одлуките ќе се донесуваат по 1 Мај, премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во напредна фаза е одлуката за државната матура за учениците кои го завршуваат средното образование.

*

ОДЛУКА Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

*

ТРГОВИЈА Владата на Република Северна Македонија денеска донесе Уредба за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба, соопшти владината прес-служба.

Со оваа Уредба во листата трговски објекти се додава зборот „дуќани” и се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

*

НАДЗОР За ден – два се очекува да биде готов извештајот од вонредниот иснпекциски надзор во Куманово од страна на Државниот санитарен и здрваствен инспекторат кој треба да утврди дали има одговорност за тоа што по посетата на Општинскот кризен штаб на овој град во изолација се премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министрите Венко Филипче и Арбр Адеми.

*

 МОЈ ДДВ Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet30Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ