• Latest

Се кине каде што е најтенко!

February 23, 2016

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Се кине каде што е најтенко!

February 23, 2016 16:34
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Фета Зеќири од Велес е скаран со своите сопствени родители, затоа што во текот на студените зимски денoви, потрошил многу струја, бидејќи неговото шестчлено семејство се греело со греалка. Тој нема средства за преживување, а сега и неговите родители се доведени во ситуација да не можат да ги плаќаат ни сопствените режиски трошоци…

Фета живее во истата трошна куќарка со родителите, но има посебен влез во неговата соба од 10 метри квадратни, каде што живее со сопругата и со четирите малолетни деца. Тој вели дека откако со семејството се вратил од Австрија, каде што биле азиланти, во Велес едвај преживуваат со социјална парична помош од 3.200 денари.

DSC_0374Додека бил во Австрија, пронајдена му е срцева маана, и итно бил подложен на кардиолошка операција. По успешната интервенција, семејството било екстрадирано назад во Македонија. Фета вели дека на австриските власти се обидел да им ја објасни катастрофалната економската ситуација во Македонија, и дека тој, неговото семејство и неговите роднини, живеат ептен мизерно, но според австриската полиција, „во Македонија имало убав живот и постојани вработувања“.

Фета и сопругата, во Австрија добивале парична помош од по 350 евра, а за четирите малолетните деца добивал по 250 евра. Кога се вратиле во Македонија, во Центарот за социјални работи поднеле барање дури шест пати за еднократна парична помош, но добиле само еднаш – 700 денари!

Според семејството Зеќири, пред неколку недели, некоја  хуманитарна организација делела прехранбени пакети и брашно во ромската населба во Велес, но, тие не добиле никакви прехранбени продукти, затоа што не биле на списокот на Центарот за социјална работа.

Фета ни изјави дека на последните избори гласал за актуелниот градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што целата улица каде што живее – гласала за него. Тој истакна дека пред избори, претставници на политички партии ги посетувале и им ветувале вработување, но и дека повеќе не им верува на нивните лажни ветувања и дека нема да гласа за никого, а нема да дозволи ни членовите на неговото семејство да излезат на гласање.

Децата на Фетах не посетуваат настава, затоа што училиштето им е далеку секој ден да одат пешки, но и затоа што немаат пари за ужинка, за обувки и алишта, тетратки… Неговата сопруга потенцира дека немаат услови за децата да се образуваат поради лошата финансиска состојба.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=W4nwTm7RxZw[/youtube]

Фетах има 38 години и нема ниту еден ден работен стаж. Досега работел приватно. Неговото здравје е нарушено и не смее да крене повеќе од три килограми, но тоа, според него, не било доволно за инвалидска пензија. Побарал пензија, но бил одбиен – со образложение дека мора да биде неподвижен за да ја добие потребната помош. Тој тврди дека не знае повеќе каде да се обрати, бидејќи вели дека не е здрав за да работи, но, според државата, е и „недоволно болен“ за да прима инвалидска пензија.

Амет Зеќири, таткото на Фета, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се обратил за помош до градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, но тој не го ислушал. Зеќири се понадевал дека градоначалникот ќе ги исполни ветувањата од предизборната кампања и дека ќе им помогне на сите кои имаат потреба. Тој вели дека и тој и неговата сопруга се оперирани од срце, и дека 7.000 денари што ја добива од државата, не му достасуваат ни за купување на лекови, а камоли за плаќање на комунални услуги и струја.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=jyMgn7OU9Xc[/youtube]

Биљана Еверет

Дехран Муратов

Tags: ВелесизборисиромаштијасоцијалаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ