Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше за 36 излекувани пациенти, од кои 2 од болничко лекување и 34 кои биле лекувани во домашни услови и за 26 нови случаи позитивни на КОВИД-10, по градови: Скопје 11, Куманово 2,Тетово 3, Струга 6, Битола 1, Гостивар 1, Виница 1 и Неготино 1.
На Инфективната клиника во Скопје починал пациент на 80 годишна возраст, кој бил лекуван од 21 април.
Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.












