• Latest

29 април, вонредна состојба, ден 42: Владата со новини за субвенционирање на минималната плата за компаниите, 38 оздравени, 21 новозаболени, двајца починати од КОВИД-19, вратени 140 отпуштени работници…

April 29, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 април, вонредна состојба, ден 42: Владата со новини за субвенционирање на минималната плата за компаниите, 38 оздравени, 21 новозаболени, двајца починати од КОВИД-19, вратени 140 отпуштени работници…

April 29, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Владата со три новини за финансиска поддршка за фирмите погодени од пандемијата

Владата воведува три новини во мерката за субвенционирање на 14.500 денари плата за компаниите како поддршка за справување со последиците од пандемијата.

Првата новина се однесува на намалување на бројот на вработените, во случаи кога работникот сам ќе ја напушти компанијата или му истекува договорот. Со новата мерка се олеснуваат условите за задржување на бројот на вработени, односно се дозволува тоа намалување да биде до 15 проценти кај малите и кај микро фирмите, до 10 проценти кај средните и до 5 проценти кај големите претпријатија.

Втората новина е што се зголемува финансиската поддршка за три сектори – туризам, угостителство и транспорт, кои, како што рече министерката за финансии Нина Ангеловска, претрпеле најголеми штети од пандемијата. Оваа новина значи дека фирмите од овие три сектори ќе можат истовремено да користат субвенции од мерката 14.500 денари по работник и да ја комбинираат со другата мерка за субвенционирање до 50 отсто од придонесите за плата по работник. Тоа значи дека вкупната сума што некоја фирма од овие три сектори може да ја користи е 19.500 денари по работник.

Условите се: да се здрави компании, кои оствариле приходи во изминатите две години, да не се наоѓаат на листата на должници и да немаат доспеани, а ненаплатени обврски во рок од 90 дена.

Третата новина е во однос на тоа која компанија и под кои критериуми треба да ги врати овие средства од финансиската поддршка.

Компаниите што не оствариле добивка во 2020 година нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка, како што и првично беше предвидено. Промената е кај компаниите што ќе остварат добивка во 2020 и имаа обврска да вратат до 50 проценти од она што го оствариле. Тие со оваа новина ја немаат таа обврска доколку истата сума што ја добиле како субвенција од државата ја вложат во својот процес и во вработените.

Изјава на денот: Ангеловска-  Ќе се дизајнираат мерки како што ќе има потреба, никој нема да биде оставен сам

„Ќе се дизајнираат мерки како што ќе има потреба и ќе им се  помага на сите. Никој нема да биде оставен сам на себе“, порача министерката за финансии Нина Ангеловска по предвидувањата на првиот човек на Стопанската комора дека во мај и јуни се очекува уште потежок период за компаниите.

„Мерки ќе се дизајнираат како ќе се јавува потреба во зависност од развојот на ситуацијата меѓутоа важно е дека веќе се разговара и за олабавување на мерките, се разговара за конкретни протоколи за сите сектори и индустрии како би работеле и за наскоро враќање на животот во нормала“, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата.

Вонредна состојба:

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје 19,Тетово 3, Струга 9, Битола 4, Гостивар 3.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатиот ден направени се 279 теста, а досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, и истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.

*

Осумдесет и пет годишната Елена Макалоска е најстариот излекуван пациент од КОВИД-19 во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

*

Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски се негативни на КОВИД-19 и по вторите тестирања.

*

Забраната за движење во текот на изминатото деноноќие во целата држава не ја почитувале 28 лица, а приведено е 21 лице. За останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Во изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

*

Речиси 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари  од јавните здравствени установи во земјава во три недели беа дел од интерактивните онлајн-тренинзи од програмата „COVID 19 Response Training“ која ја реализираше Министерството за здравство.

*

За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија отвори нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“.

Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот. Во тој пакет е и официјалната веб-страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид“ и „IOS“, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.

Флеш вести

За фирмите со над 50 вработени процентот на можни отпуштања е ограничен на 10 проценти, а на пет проценти за компании со над 250 вработени. Исклучок од ова се пензионирани лица и починати работници, информира директорката на УЈП, Лукаревска.

*

Правото на гарантираната минимална социјална помош може да остварат и лицата избришани од евиденција на невработените. Мерката за подршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита со која околу 30 илјади домаќинства добија по 1.000 денари енергетски додаток, сега освен за месеците април и мај, се пролонгира до септември годинава, со цел обезбедување дополнителна поддршка на најранливите семејства, изјави заменикот министер за труд и социјална политика, Бајрактар.

*

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство.

*

СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Димитриевски е свесен дека во нашата држава важат еднакво за сите, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција.

*

Синдикатите и граѓанските здруженија бараат одговорност од Ангеловска, министерката повикува реално перцепирање на работите за мерката 14.500 денари финасиска поддршка.

*

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска  соопшти дека  на работа се вратени 140 работници кои биле непрописно отпуштени за време на кризата која изби поради епидемијата на корона вирусот.

*

Ќе се разгледува можноста за упис на првачињата во септември, државната матура да се полага во јуни или да се укине за оваа година, соопшти министерот за образование, Арбер Адеми.

*

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, при што искажа поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на д-р Андоновски како директор на Институтот Козле, но и на сите вработени во оваа здравствена установа, во услови на корона-криза.

*

Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД, додели дополнителни 330.000  долари за справување со КОВИД-19 во земјава, преку грант за Црвениот крст на Македонија. Грантот е дополнување на помошта од 1,1 милион долари од владата на САД, веќе доделени на нашата држава, за намалување на ширењето на корона вирусот.

*

Земјите од Западен Балкан, како и останатите светски економии, ќе бидат погодени од последиците на пандемијата на КОВИД-19. Тие оваа година ќе потонат во рецесија и би можеле да забележат пад на бруто домашниот производ дури 11,3 отсто, објави денеска Светската банка.

Според Светска банка, Република Северна Македонија би имала најмала штета, за чија економија се проценува пад од 1,4 до 3,2 отсто.

Слободна зона

„Орхан Памук констатира дека, низ историјата, пандемиите секогаш, кога ќе избиеле, се третирале на сличен начин: на почетоците разни властодршци ги негирале или ги минимизирале нивните закани, игнорирајќи ги и криејќи ги, а потоа често и фалсификувајќи ги бројките на заразените и мртвите, сè додека работите не излегувале толку од контрола, што последиците биле катастрофални. За илустрација на ваквиот однос, Памук наведува бројни историски и литерарни сведоштва. „Многу од литературата што се занимава со чумите и заразните болести ја претставуваат негрижата, некомпетентноста и себичноста на оние на власт како клучни поттикнувачи на бесот на масите“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Оние кои се плашат од вирусот, живеат подолго“,

На уставните судии треба(ше) да им биде јасно дека, доколку кризата трае многу подолго од два или три месеци, не само пратениците, министрите и директорите, туку и целата државна администрација, заедно и со тие што плата земаат и без да одат на работа, ќе останат и без тие 14.500 денари. Во тој случај нема да им помогне ниедна нивна одлука, колку и да е во согласност со Уставот, поентира Џевдет Хајредини.

Дијана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ