• Latest

Трајанов: Неопходна е теренска проверка на Избирачкиот список!

March 9, 2016
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајанов: Неопходна е теренска проверка на Избирачкиот список!

March 9, 2016 13:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Петнаесет илјади креирани матични броеви кои не се однесуваат на новороденчиња, се само еден дел од недоследностите во непречистениот Избирачки список, вели претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за ЦИВИЛ Медиа.

Според него, времето што преостанува до 5-ти јуни, како датум предвиден за предвремените парламентарни избори, е премногу кратко, да се пречисти Избирачкиот список, затоа што многу информации потврдуваат дека во него се вклучени голем број креирани, фантомски гласачи.

Pavle Trajanov

“За сé тоа да се пречисти, потребна е теренска проверка.  За тоа треба да се обучат голем број луѓе, да се формираат работни групи, веројатно комбинирани со анкетари и со припадник на полиција, и да почнат да работат – од куќа на куќа. Тоа е своевиден попис на населението. Врз основа на теренските резултати, во управна постапка да предложат кој треба да се брише, да се елиминира од списокот. Таа операција е долгорочна и не ќе може да се пречисти Избирачкиот список, и  да биде подготвен за на 5-ти јуни да има избори.”

Како поранешен министер за внатрешни работи, Трајанов смета дека МВР има голем удел во пречистувањето на списокот на гласачи, особено во делот на вкрстување на податоци.

“Треба самото Министерство да ги елиминира криминогените матични броеви – 15. 000, како што објави обвинителката Фатиме Фетаи, за кои во предистражна постапка се утврдило дека не се однесуваат на новороденчиња. Понатаму, има 35.000 лични карти кои се најдени во МВР, неподелени. Треба самото Министерство да провери на кои лица им припаѓаат, дали се внесени во Избирачкиот список… Само тие две бројки – 15.000 матични и 35.000 лични карти, покаѓуваат колку е обемна таа операција! Само тоа да се провери… Тука е и носењето на нови гласачи од Пустец. На сé тоа треба да се работи, и на крајот, Државната изборна комисија треба да даде извештај дали е пречистен Избирачкиот список, во кој обем и колку останува за теренска проверка.”

Според Трајанов, доколку се остави простор, повторно можат да се очекуват изборни манипулации, затоа е приоритет да се елиминираат фантомските гласови кои постојат, и на тој начин, да се обезбедат барем минимум услови за фер и демократски избори.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки списокизбориПавле ТрајановСЈОФатиме ФетаиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ