• Latest
Добро утро со Орданоски

Огромна брука за САД

May 27, 2020

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Огромна брука за САД

May 27, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Пред еден месец, на 25 април годинава, Irish Times објави извонреден осврт од својот водечки коментатор Финтан О’Тул, текст кој го привлече вниманието во целиот свет. Насловот и поднасловот на таа подробна и елоквентно составена анализа ги сумира заклучоците што ги понуди авторот како свој став за начинот на кој САД се справува со епидемијата на ковид-19 во сопствените граници: „Доналд Трамп ја уништи земјата за која вети дека повторно ќе ја направи извонредна“… Низ историјата, вели О’Тул, „светот ги сакаше, ги мразеше или им завидуваше на САД. Сега, за прв пат, ги жалиме.“

Таа анализа беше впечатлива и пред еден месец. Но, нејзината валидност се потврдува и триесетина дена потоа, практично до вчера, кога во САД се надмина бројката од 100.000 починати од корона вирусот. До крајов на оваа недела, за жал, таа трагична бројка ќе биде поголема од комбинираните воени и цивилни загуби на САД во Виетнамската (58.209) и Кореанската војна (36.516), плус војната во Заливот (294) и оние во Ирак (4.497) и Авганистан (2.216). И тоа само во овие, први три-четири месеци од пандемијата.

Американскиот проблем, се разбира, не е само во големината на бројките на починатите. Подмолноста на ковид 19 го изненади целиот свет и може да се тврди, особено ако се „игра“ со споредбените и сè уште некомплетни статистички податоци, дека и многу други земји поминуваат лошо или и полошо во справувањето со вирусот. Светот уште долго ќе се занимава со анализите за поставеноста и структурите на здравствените системи и здравствените политики, како и со тоа кој, како и кога можел и требал да предвиди, да преземе, да одлучи, да пресече, да делува… Итн. Впрочем, таа приказна уште е далеку од својот крај.

Американскиот проблем е што, барем во најголемиот дел од светот надвор од САД, речиси да постои консензус дека срамното здравствено потфрлање на најбогатата, најразвиената, најмоќната земја и најстарата демократија во светот во голем дел е резултат на некомпетентното, потценувачко, хаотично, трагикомично, политикантско, конфликтно и, со еден збор, несериозно управување на Доналд Трамп со политиката за спротивставување на големата здравствена закана. Хомер Симпсон би можел вода да му носи. Со заштитна маска.

Дури не е ни важно дали и во која мера е Кина глобалниот виновник за појавата и ширењето на вирусот – замислете ја нејзината веродостојност, кога не пријавија ни еден случај на заразени во Шангај или Пекинг во неделите кога епидемијата им беснееше во провинцијата Хубеи со шеесетина милиони жители! Можеби и Светската здравствена организација можеше да стори повеќе и понавремено. Секако и американската здравствена и фармацевтска индустрија имаат причини за преиспитување на сопствените политики.

Но – Трамп! Здивот да ти застане! Каква леснотија на епохална неодговорност и недостаток на базична емпатија, во време на национална криза. И каков срамен молк во неговата Републиканска партија, средината од која израснале некои од најголемите политички лидери во модерната историја на светот. Огромна брука за САД.

Без сомневање, тоа ќе има подалекусежни последици за општата меѓународна позиција на САД. Нарушена е аурата на прогресивност, компетентност и авторитетност по низа прашања, суштински за демократскиот, па и општиот развој во светот. Таа загуба не е само американска, последиците се глобални, бездруго и во региони како нашиот.

Навистина, сте можеле да ги сакате, да ги мразите или да им завидувате на Американците – сега е вистинско време да ги жалите. Дури и пред да го изберат повторно за претседател.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ