• Latest

Грчкото Министерство за здравство по 72 дена нема да одржува секојдневни прес-конференции за Ковид-19

May 27, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчкото Министерство за здравство по 72 дена нема да одржува секојдневни прес-конференции за Ковид-19

May 27, 2020 10:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По точно три месеци од појавувањето на првиот позитивен случај на Ковид-19 во Грција, по постепеното ублажување на рестриктивните мерки и речиси враќањето во „новата нормалност“, по 72 дена секојдневни попладневни брифинзи, Министерството за здравство на Грција ги прекинува прес-конференциите посветени на новиот коронавирус.

На 26 февруари 2020 година беше регистриран првиот случај на Ковид-19 во Грција, а три месеци подоцна, во земјата има 2.892 заразени, починаа 173 лица, а направени се 160.991 тестови.

Грција брзо презеде строги рестриктивни мерки, ги затвори училиштата, продавниците, кафулињата рестораните, а помалку од еден месец по првиот случај воведе целосна забрана за движењето.

Грците 42 дена останаа дома, а за време на карантинот, прес-конференциите во Министерството за здравство на Грција на професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, кој од почетокот на февруари беше назначен за шеф на експертската комисија и одговорен за контакт со медиумите и заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, надлежен за операциониот дел, станаа дел од секојдневието на граѓаните.

Резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција од изминатиот период покажаа дека мнозинството Грци редовно ги следеа секојдневните брифинзи.

Во 18 часот, секој ден, речиси сите грчки телевизии ги пренесуваа во живо прес-конференциите на кои се соопштуваа новите податоци за Ковид-19, за ситуацијата во земјата и светот, за текот на мерките, а Циодрас и Хардаљас одговараа и на новинарски прашања, испратени писмено.
– Повеќе не сме во период на карантин, за да биде потребно да бидеме тука секое попладне, како што беше случај изминатиот период. И се надеваме дека никогаш повеќе нема да се појави оваа потреба. Ако повторно нѐ видите да држиме секојдневни пресови со господинот Циодрас, тоа ќе значи дека работите одново станаа тешки, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција.

– Со оглед на тоа дека нашата епидемиолошка слика е добра, толку добра, благодарение на сите вас, што не е потребено ова редовно информирање. Вистинската репродуктивна стапка на пандемијата, според епидемиологот Литрас од Националната организација за јавно здравје, непроценлив помошник во целиот наш зафат, вистинското „Ро“ синоќа беше 0,33, многу помало од еден. До 31 мај ќе имаме писмени соопштенија и ако се оди добро, од јуни еднаш седмично, ќе бидете информирани од Министерството за здравство со писмено соопштение за текот на болеста, исто како што тоа секоја година се прави со грипот, рече професорот Циодрас.

На првите прес-конференции во Министерството за здравство, по појавувањето на првите случаи на новиот коронавирус, професорот Циодрас секогаш повикуваше на смиреност и потребата да не се создава паника, за три месеци, стана особено омилен меѓу граѓаните, а често коментарите во Грците беа дека е „гласот што влева смиреност“.

На вчерашната последна прес конференција, професорот се задржа на процените согласно математичките модели на епидемиолозите од експертската комисија, како и на групата за процени од медицинскиот факултет на атинскиот Универзитет дека во Грција „реалниот број на случаи бил понизок од еден отсто од населението“.

Тој се осврна и на процените за бројот на смртни случаи во земјата. Доколку не се презедоа строгите рестриктивни мерки, а контактите на граѓаните беа намалени за десет отсто, бројот на смртни случаи би бил во просек 13.685, додека со 20 проценти намалување на контакти земјата ќе имаше 7.015 смртни случаи. Сега, има само 173 починати лица.

Од 4 мај 2020 година, со завршувањето на карантинот во Грција, започна и постепеното олабавување на рестриктивните мерки кое продолжува и во текот на јуни, со отворање на основните училишта и градинките, отворање на хотелите и сезонските туристички објекти, отворање на границите и аеродромите и почеток на туристичката сезона.

Грците веќе се вратија во „новата нормалност“, дел од нив ги почитуваат новите правила и препораки, но постои и дел од граѓаните кои едноставно продолжија онаму каде што застанаа пред пандемијата на Ковид-19.

Од 2.892 заразени лица во Грција, 1.374 оздравеле, односно 46.51 отсто од вкупниот број, а активни се 1.345 случаи (46.5 проценти).

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ