Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.
Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези.
Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата.
Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани.