• Latest

Набавени нови респиратори за јавното здравство во соработка со УНИЦЕФ

May 29, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Набавени нови респиратори за јавното здравство во соработка со УНИЦЕФ

May 29, 2020 18:18
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска присуствуваше на примопредавањето на нови респиратори, обезбедени во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Како што соопшти Министерството за здравтво, во оваа прва фаза се испорачани седум респиратори, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата каде се третираат вакви случаи, а во претстојниот период е предвидено да се обезбедат уште три вакви апарати.

– Станува збор за најнова генерација на респиратори од реномираниот германски производител Дрегер, во вкупна вредност околу 140 илјади евра. Тие служат како за инвазивна, така и за неинвазивна терапија, а може да се користат за лекување и на деца и на возрасни. Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица. Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот Ковид-19, изјави Филипче.

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани истакна дека е потребно континуирано вложување во здравствените системи, со цел да бидат поотпорни на кризата.

– Сега, повеќе од кога и да е, гледаме колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата. На глобално ниво, гледаме дека епидемијата одзема животи и егзистенција, додека здравствените системи се борат, а преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот ги затворија училиштата и создадоа предизвици за семејствата. Додека ги јакнеме другите системи да бидат поотпорни на кризата, мора континуирано да вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем, истакна Ди Џовани.

Во изминатиот период како дел од одговорот на пандемијата со Ковид-19, УНИЦЕФ ја поддржува Владата во напорите да ги намали ефектите од кризата врз децата и семејствата, додава Министерството за здравство.

– Покрај поддршката на здравствениот систем, УНИЦЕФ обезбедува и дополнителни резерви на опрема за лична заштита и комплети за тестирање на вирусот, поддршка за воспоставување телефонска линија за помош на бремените жени и мајките со новороденчиња, дистрибуција на хигиенски пакети за најранливите заедници, поддршка за изработка на материјали за комуникација во време на криза, како и психо-социјална поддршка за децата и семејствата, стои во соопштението на Министерството.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ