• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 71: Утре се одлучува за вонредната состојба, угостителството затаи, Чулев демантиран…

May 29, 2020
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 71: Утре се одлучува за вонредната состојба, угостителството затаи, Чулев демантиран…

May 29, 2020 22:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Утре е последниот ден кога истекува третата, двонеделна, вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај. Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство. Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

УГОСТИТЕЛСТВО Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, денеска апелираше до угостителите и до граѓаните да го почитуваат протоколот со кој се дозволува примање гости во кафулињата и рестораните во услови на коронавирусот. Царовска изјави дека инспекторите се на терен и секаде каде што ќе утврдат неправилности, истите ќе бидат санкционирани.

РЕСПИРАТОРИ Министерот за здравство Венко Филипче, денеска присуствуваше на примопредавањето на нови респиратори, обезбедени во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Во оваа прва фаза се испорачани седум респиратори, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата каде се третираат вакви случаи, а во претстојниот период е предвидено да се обезбедат уште три вакви апарати.

АПЛИКАЦИЈА Министерството за Информатичко општество и администрација  ги повика граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, апелираат од министерството.

ЧУЛЕВ ДЕМАНТИРАН Оперативно-техничката агенција целосно ги отфрла како невистинити информациите за непримена на одредбите од Законот за Оперативно-техничка агенција, кои беа изнесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на конференцијата за медиумите одржана на 28.05.2020 година. „ОТА, во согласност со своите законски надлежности утврдени во членовите 2 и 3 од Законот за ОТА, дејствувајќи како посреднички орган обезбедува технички премин и врска меѓу операторите и овластените органи заради спроведување на следењето на комуникациите врз основа на судска наредба во согласност со Законот за следење на комуникациите и без пристап до содржината на следната комуникација“, се вели во соопштенито од ОТА.

ОДГОВОРНОСТ Алијансата за Албанците бара од Антикорупциска да постапи по злоупотребите на функциониери од ДУИ. Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците. Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези, посочуваат од Алијансата за Албанците.

ЧОЧЕК ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС Сто инспектори од пазарниот инспекторат, кои биле излезени на терен минатата вечер  останале запрепастени од она што го затекнале. Во најголем дел од кафеаните се почитувале мерките за лична заштита, но во дел, пак, се правеле журки, како во најлудите новогодишни ноќи. Директорот на пазарниот инспекторат вели дека од фотографиите и видеата што ги направиле инспекторите, се гледа дека граѓаните во кафеаните не покажале ни свесност, ни совесност за пандемијата. Инспекторите најавија казнување веќе од денес.

ЖАРИШТЕ Во Скопје има 239 активни случаи на заболени со корона вирусот. На врвот на листата е Општина Чаир со 54 случаи, а по тоа следи Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел со 25 случаи.

СЛОБОДНА ЗОНА Дали и натаму активистите на ДУИ продолжуваат да ги посетуваат семејствата за да им кажат само дека не се сами, како што Али Амети соопшти пред почетокот на Рамазан и дали, според негово мислење, без тие посети, бројот на заразените ќе беше уште поголем, односно колкав е придонесот на 10.000 активисти ангажирани од Б. Османи, поентира Џевдет Хајредини.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ