Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 58-ма седница донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.
Владата донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.