Шест фудбалери резултирале позитивно со корона вирусот од двата фудбалски клуба од Тетово, кои се натпреваруваат на првата фудбалска лига во земјава, актуелниот шампипон Шкендија и клубот Ренова, откако направиле тестови во организација на фудбалскиот синдикат.
Двајца играчи се од тимот на Шкендија, а четворица од градскиот ривал Ренова. Неофицијално се дознава дека двата тима свикале итна средба на раководството, а од фудбалскиот синдикат само потврдија дека има позитивни случаи во двете клубови.
„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Фк Ренова и двајца во таборот на Фк Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига”, соопштуват на официјалната страница на синдикатот на Фејсбук.
Овие случаи ќе се разгледаат и во Фудбалската Федерација на Македонија, пред започнување на сезоната која беше најавена за во средината на јуни.
Арбен Зеќири