• Latest

2 јуни, вонредна состојба, ден 75: Нови 67 случаи на КОВИД-19, масовно тестирање на текстилни работници, контроли во угостителски објекти…

June 2, 2020

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 јуни, вонредна состојба, ден 75: Нови 67 случаи на КОВИД-19, масовно тестирање на текстилни работници, контроли во угостителски објекти…

June 2, 2020 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Филипче: Точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на КОВИД-19

„Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување пациенти, големиот број слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери, што го потврди оваа интензивна активност во изминатите неколку денови, од анализа на контактите и сите други индикатори, укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста“, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, има суштинска разлика меѓу првиот и овој бран. Тогаш, посочи, не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати и за самиот вирус не знаевме колку може да го оптовари здравствениот систем.

„Сега имаме друга состојба, имаме веќе знаење, ресурси, сериозно надграден здравствен систем и во однос на капацитети за сместување, и во однос на медицинска опрема и во однос на знаење на здравствените работници. Тоа е задачата на системот – да биде организиран и подготвен, односно да сме сигурни дека можеме да се носиме и со овој бран“, рече Филипче.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Рамчиловиќ: ВМРО-ДПМНЕ намерно ги кочи изборите за да имаме нефункционално Собрание и институции

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Од вкупно 868 направени тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 67 позитивни пациенти на КОВИД-19. Се уште не се пристигнати бројките од една приватна лабораторија и во следните неколку часа ќе биде објавена и деталната статистика по градови. Има 25 оздравени пациенти, и еден починат пациент.

*

Во периодот од 11 март до 28 мај годинава Државниот инспекторат за труд регистрирал 2.300 пријави од граѓани, од кои 847 на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Останатите пријави, како што рече директорот Аљајдин Хавзиу, биле за добивање информации.

*

Основното јавно обвинителство Ресен  против три лица од Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

*

Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат досега извршиле контроли на вкупно 2.184 угостителски објекти, при што констатирано е дека 24 не ги спроведуваат одлуките на Владата.

*

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

*

Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Но, и покрај препораката за задолжително носење на заштитна маска, сепак дел од патниците не ја почитуваа мерката, односно не носеа ниту заштитна маска, шал, марама…

*

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека на состанок, претставници од Фудбалската федерација на Македонија и членовите на Комисијата за заразни болести донеле одлука да се тестираат сите спортисти пред почетокот на сезона, како и лицата кои се инволвирани во тренинзите.

*

Во рамки на скринингот, во приватен дом за стари лица, што има објекти во Ченто и Кадино, во едниот се позитивни две штитенички, а во другиот тројца вработени. Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

*

Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на  Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова  вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

*

„Се уште нема одлука во однос на можноста за враќање на рестриктивните мерки, кои што ги најавивме во текот на вчерашниот ден, во смисла на тоа дека Комисијата за заразни болести ги разгледува. Ги следиме информациите, бројките од денеска, ќе ги следиме и во текот на утрешниот ден или во четврток ќе се донесат соодветни одлуки“.

*

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, на својот Фејсбук профил информираше дека неговиот резултат од тестот за корона вирус е позитивен.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Пресуда за Јанева и Јовановски на 18 јуни

„Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам“, изјави Катица Јанева во завршен збор за случајот „Рекет“. Таа рече дека нема ни „О″ од обвинение против неа, нема ниту еден доказ и го нема и Специјалното јавно обвинителство.
*
Бранителот на Катица Јанева, адвокатот Дељо Кадиев, го започна завршниот збор со цитат на оштетениот сведок Орце Камчев кој рекол „предметот Империја е измислен предмет за јас да бидам рекетиран“.
*
Министерство за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај 2020 година.
*
„Над 130.000 вработени граѓани чии приходи од јануари до април годинава месечно не биле поголеми од 15.000 денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари, кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата“, соопштија од СДСМ објаснувајќи дел од третиот пакет мерки на Владата за директна поддршка на економијата.
*
Во Бутел денеска на површина од околу 720 метри квадратни е отворено инклузивно игралиште чии реквизити се достапни и може да ги употребуваат и деца со попреченост.
*
СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.
СЛОБОДНА ЗОНА

„Ве поздрави Младоженецот кој на 24 мај изјави дека „КОВИД-19 го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов, еднаш засекогаш“!

И остана жив. Арно не предложи да се пијат средства за дезинфекција.

Седум дена потоа, како по епидемиолошки учебник, почнавме да броиме десетици заразени во нови кластери во Чаир, Бутел, Сарај и Тетово, каде многумина и не веруваат дека вирусот постои. Броењето ќе потрае барем уште една недела, додека не го победиме ковид-19 еднаш засекогаш. За жал, кај некои од изброените новозаразени таа „победа“ може и навистина да биде – засекогаш“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш!“

„Имаме прилика да научиме да се гледаме очи в очи, да си упатиме поздрав на различни начини, со гест, со збор, со топлина во гласот, со насмевка во очите, со допир на стапалата или лактите. Да ги подобриме хигиенските навики, да не си дишеме и плукаме еден на друг за да покажеме дека сме срдечни. Да научиме повеќе за онлајн технологиите. Пандемијата може да ни помогне да станеме поумни, повоздржани, подобри човечки битија, а не глупави и себични“, пишува Џабир Дерала во Сезнајковци од сите маала, обединете се!

Ангела Петровска

во соработка со: Биљана Јордановска и Дехран Муратов 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ