• Latest

3 јуни, вонредна состојба, ден 76: Рекордна бројка на новозаболени од КОВИД-19, нов тридневен карантин, лажна вест за забрана на влез во Грција…

June 3, 2020

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 јуни, вонредна состојба, ден 76: Рекордна бројка на новозаболени од КОВИД-19, нов тридневен карантин, лажна вест за забрана на влез во Грција…

June 3, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: На денешната седница Комисијата за заразни болести одлучи да и предложи на Владата враќање на полицискиот час од четврток во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот.

Рестрикциите ќе важат за  целата територија на Скопје, со сите општини, за Тетово, за Куманово со Липково и за Штип.

За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.

Предлогот треба да биде усвоен на следниот состанок на Владата.

Изјава на денот– Османи:  Ќе се постават КОВИД-координатори во компаниите и во државните институции

„Денеска имавме одличен и продуктивен состанок; оформена е директна комуникација меѓу локалната самоуправа, здравствените власти, претставниците на бизнисот и претставниците на вработените. Се донесе заклучок за поставување на т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките во рамките на организациите и институциите, како и да овозможат нивна полесна меѓусебна комуникација. Искрено ме радува што постои и сериозност и волја кај сите и верувам дека со спроведување на мерките и препораките набргу ќе создадат услови за безбедно одвивање на работните процеси при што економските активности и на фабриките ќе можат да продолжат“, истакна вицепремиерот Бујар Османи на денешната посета во Штип.

Вонредна состојба– Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19.

– Скопје 59

– Куманово 12

– Штип 7

– Прилеп 1

– Тетово 5

– Струга 6

– Велес 1

– Охрид 1

– Кавадарци 1

– Гостивар 3

– Кочани 3

– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починале пациент од Тетово (75) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

– Тетово 8

– Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 32/161 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на КОВИДдијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е .1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

*

Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви.

*

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.

Флеш вести

Без почитување на препораките и мерки за заштита од КОВИД-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица.

Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција.

„На втори јуни 2020 година, околу 21 часот било пријавено во Одделот за внатрешни работи Кратово дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од КОВИД-19. Веднаш се превземени мерки и известен е јавен обвинител, по чии насоки на лице место излегле полициски службеници. При увидот констатирано е дека на приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и во истиот момент биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

*

На неколку портали и национални телевизии се прошири лажна вест за наводна забрана за влез во Грција за жителите на неколку македонски општини како што се Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари.

Лажната вест се повикува на соопштение на грчкото МНР, чијшто принтскрин масовно се споделува и на социјалните мрежи. Лажното соопштение е напишано на грчки јазик и писмо освен имињата на македонските општини кои се напишани на латиница.

На официјалната страна на грчкото МНР вакво соопштение воопшто и не постои. Во единственото официјално соопштение кое се однесува на отворањето на границите со соседните земји стои дека копнените гранични премини меѓу Грција и соседните Албанија, Северна Македонија и Бугарија ќе бидат отворени на 15 јуни. Посетителите ќе бидат подложени на тестирања при пристигнувањето.

*

Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска.

Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40.

*

Независниот академски синдикат (НАкС), кој реагира на постапката за избор на ректор на Скопскиот универзитет почната од актуелниот ректор Никола Јанкулковски,  денеска до Владата достави барање за автентично толкување на Уредбата за примена на законот за високото образование за време на вонредна состојба. Барањето на НАкС содржи седум прашања со кои Синдикатот бара Владата да даде одговори за да го разјасни член 5 од Уредбата кој го уредува прашањето за избори на органи и тела на јавните високообразовните установи и за продолжување на мандатите во време на вонредна состојба.

Слободна зона

„Во време на кризи, јавноста сака смирување – не лажење! – со точни информации и анализи за состојбите, со објаснување на постапките и мерките што се преземаат на начин што ќе ѝ овозможи на таа јавност логично и одговорно однесување, без страв и паника. Паниката, впрочем, никогаш не е добар сојузник во политиката, а ширењето страв е очајничка стратегија“, пишува денеска Сашо Орданоски во денешната колумна „Нормални против ненормални? “

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ