• Latest

Узурпација на власта ширум Македонија

March 16, 2016

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Узурпација на власта ширум Македонија

March 16, 2016 15:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кој раководеше со јавните институции во Битола, кога најголемиот број на директори и директорки, кои земаат плата од даноците што ги плаќаат сите граѓан(к)и , вчера беа на контра-протест, пред Уставниот суд во Скопје?

11234053_931071607000858_7887029075778298988_n
Фејсбук профилот на “Битола Унија на жени.”

Ова прашање се поставува откако ќе се видат фотографиите објавени на Фејсбук профилот на “Битола Унија на жени.” На фотографиите јасно се гледаат гордите контра-демонстрантки, директорки на основните училишта  “Д-р Трифун Пановски”, “Коле Неделковски”, “Елпида Караманди”, директорката на Домот за стари лица “Сју Рајдер”, претседателката на Советот на Општина Битола, директорката на Студентскиот дом “Кочо Рацин”… Поддржани од претседателката на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Дел од граѓан(к)ите згрозени од мобилизацијата на вработени во јавните институции во Битола, која се случувала и доцна во ноќта, реагираа на своите Фејсбук профили.

Фејсбук статус

За жал, Битола не беше единствениот град кој вчера функционираше без првите луѓе на јавните институции. Велешките високи функционери исто така беа мобилизирани, во “одбрана” на Македонија.

Изутрината во Велес биле забележани неколку автобуси на пат за Скопје. Вработени во јавната администрација од ЈКП Дервен, Општина Велес, Медицинскиот центар, од основните и средните училишта, ги наполниле автобусите за контра-протестот пред Уставен суд во Скопје, како поддршка на нивниот коалициски партнер ГРОМ и Стефче Јакимовски.Според информациите од велешани, сите „патници“ биле ангажирани по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Вработените од локалните институции и јавните претпријатија во градот, кои наместо да бидат на своите работни места, платени од нас – граѓаните, биле во фунција на партијата, на организиран контра-протест пред Уставниот суд во Скопје.

431950_1248370238525273_3825680799636560673_n
Велес, 16 март 2016

Пријави на разочарани граѓан(к)и од ваквото однесување и мобилизирање на власта, доаѓаат и од другите градови низ Македонија. Таков е случајот со Прилеп, Куманово, Струга и Кичево.

Во Кичево, вчера , инспекторите од УЈП напладне организирано го напуштиле работното место. Истото го направиле и дел од вработените во Народна банка, ЈП Студенчица, РЕК Осломеј… На контра-протестот вчеравечер, кичевските функционери имале време и за селфи, меѓу кои претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, бивш заменик министер и раководител на ЈП Студенчица и членови на Советот на Општина Кичево.

Прашањето е: колку од контра-демонстрантите, функционери, инспектори, административци, професори, наставници, се денеска на работа, и колку по вчерашниот „излет“ се работоспособни?

Tags: Битолавмројавна администрацијаконтрапротестмобилизацијаУнија на жениУставен судЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ