• Latest

4 јуни, вонредна состојба, ден 77: Рекорден број заболени, Мицкоски призна, од вечерва карантин…

June 4, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

4 јуни, вонредна состојба, ден 77: Рекорден број заболени, Мицкоски призна, од вечерва карантин…

June 4, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Рекордни 120 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на КОВИД-19.

– Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1 и Струмица 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

– Скопје 8, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1 и Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на КОВИД.

Вкупната бројка на КОВИДдијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Жбогар: Политичарите да одлучат за изборите што е можно поскоро

„Не е до нас да ви кажуваме кога ќе се одржат изборите во вашата земја. Одлуката за избори е на вашите политичари и тие треба да ја донесат што е можно поскоро, со цел граѓаните да имаат некоја ориентација за она што ќе следува“, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ

Целосна забрана за движење на сите граѓани во сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, се воведува од вечер од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот наутро, а во сите останати градови во државата, ограничувањето е од 16:00 часот до 5:00 часот наутро.

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности, без да вадат дозволи за движење.

*

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски соопшти дека Главниот кризен штаб при Владата го прифати барањето на општинскиот Кризен штаб, па викендов се забранува издавање на дозволи за работа за текстилната и кожарската индустрија на подрачјето на општина Штип.
„Недозволиво е да работи индустријата каде и почна заразата. Од главниот Кризен штаб на Владата побарав целосно затварање на фабриките од текстилната и кожарската индустрија во наведениот период, а воедно ќе забрани секакви дозволи за работа со кои се изигруваат донесените мерки“, најави Бочварски.
*

Повардарската епархија, поради затворените гробишта викендов за Задушница, ги повика православните верници во петок и сабота да одат во дворовите на храмовите и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

*

„Прогнозите се дека ќе имаме поинаква, многу подобра слика за состојбата со КОВИД-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

*

Прекинат уписот на првачиња во тетовско основно училиште „Истикбал“, откако наставничка резултирала позитивно на тестот за корона вирусот. Иако првично се дознава дека не била во контакт со нејзини колеги, ниту дел од комисијата за упис, сепак 40 наставници од училиштето и директорот потпишале изјава за самоизолација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа на својот профил на Фејсбук призна дека тој, заедно со двајца свои познаници, бил во ресторан во Дебар Маало, дека не бил доволно информиран за новите протоколи и дека е подготвен да плати паричната казна поради тоа.
„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива, напиша Мицкоски.
*

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска информира дека на двајцата инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста на објектот.

Тие, како што појасни Пауновски, биле во рутинска контрола, но кога не им бил дозволен влез внатре во објектот, се посомневале по што викнале уште двајца колеги, а подоцна и раководителот на Одделението во Скопје.

*

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

*

Германскиот амбасадор при ЕУ утрово повтори дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став, јави дописничката на МИА од Брисел. Амбасадорот Микаел Клаус утрово ја презентираше програмата на германското претседателство кое започнува на први јули и кое веќе неофицијално се нарекува „Претседателство Корона“, јасна најава дека и во следните шест месеци во ЕУ ќе доминира кризата од КОВИД-19 и нејзините последици.

*

Најголемиот проблем во државата не е непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, туку лажните вести кои доминираат и кои ги надгласаа емпириските факти на институциите, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Како што посочи, токму сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на овие лажни вестии и теории на заговор.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала во својата колумна „Каков ментор, таков ученик“ пишува: „Најновиот скандал со Мицкоски (извичникот и „боемот“) зборува за нешто што е, благо речено, спротивно на пристојноста, достоинството и разумноста… Некој што држи до себе, ќе останеше на местото каде што го направил прекршокот, а не неговите тепачи да туркаат инспектори и да му овозможуваат бегство. Некој што е достоинствен, ќе се извинеше пред јавноста. Немаше хистерично и пропагаторски да плука по законите и мерките за заштита на сите луѓе, за да ја избегне одговорноста, правна и морална. Но… Каков ментор, таков ученик…“

*

„Да направам една груба паралела: ако развојот на медицината сè повеќе се занимава со тоа како да не се разболите, за да не мора да се лекувате; за очекување е дека и на верските организации би требало да им е поважно како да ви ја одржуваат вербата, наместо да ве погребуваат. Таа базична општествена дихотомија – медицината повеќе да се грижи за телото, а верата за душата – би требало да подразбере дека, иако и двете „дејности“, на свој начин, се во „бизнисот на лопатата“, неизбежниот мортален исход треба да е опција само откако ќе се исцрпат сите други можности за телесен спас на здравствените и верските „пациенти“. За да има смисла бавењето со состојбата на нивната душа“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Викенд на мртовци, а не е комедија“.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ