• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој му го смести на Филипче?

June 9, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој му го смести на Филипче?

June 9, 2020 07:39
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Она што мене ми е најзанимливо од последната долга и подробна прес-конференција на министерот за здравство и претставниците на Комисијата за заразни болести е информацијата дека во Македонија во последните десетина дена се врши масовно тестирање на асимптоматски случаи на потенцијално заразени со корона вирусот. Се обидов да проверам дали таква практика постои во соседните земји. Колку што јас разбирам, тоа не го прави никој не само на Балканот, туку и во најголемиот број земји во Европа.

Зошто се важни тестирањата? Колку повеќе податоци, толку подобри статистики. Во овој случај, тие статистики се користат не само заради констатирањето на евентуалното ширење на епидемијата, туку најмногу за правовремено да се антиципира одговорот на здравствениот систем, за да не дојде до негово „пукање“ со неможност да го лекува нагло пораснатиот број на тешките и критичните случаи на заразени. Следствено, во најголем број држави не се прави тестирање на асимптоматските или случаите со лесни симптоми на ковид-19, бидејќи тие не се „закана“ по издржливоста на здравствениот систем, па и по поширокото здравје на нациите.

Во спротивно, доколку во сите земји се спроведува таква стратегија за тестирање, бројките само во Европа би покажале барем неколку десетици милиони заразени, во овој момент.

Податоците изнесени и на прес-конференцијата го потврдуваат тоа: и покрај тоа што Комисијата за заразни болести решила во изминатите десетина дена да примени „агресивна“ стратегија за тестирање, со илјада и нешто тестови дневно, официјалните информации покажуваат дека две третини од позитивните на вирусот се без никаква клиничка слика или со многу лесни симптоми, а во моментов има само 8 пациенти ставени на респиратори и околу 150 со влошени клинички наоди на лекување во инфективните болнички одделенија во повеќе градови во земјата.

Дополнително, надлежните тврдат дека 90 отсто од заразените се од неколку десетици познати кластери кај кои заразата најчесто настапила заради поголеми семејни дружења – ифтарски вечери, религиозни собири и неколку констатирани „фабрички“ кластери.

Но, затоа, ваквата стратегија на Комисијата за заразни болести за „рана дијагностика“ со помасовно тестирање, констатира по стотина и кусур новозаболени секој ден, па иако најголем број се без никакви симптоми, самите податоци создаваат здравствена и општествено-политичка психоза во државава дека на сите ни доаѓа судниот вирусен ден.

Со таквиот пристап, меѓу другото, Македонија има најлоши споредбени ковид-статистики во регионот. Иста демографија, ист менталитет, исти религии, слични здравствени системи и распространетост на коморбидитети, а кај нас изгледа дека епидемијата „експлодирала“! Додека другите велат дека епидемијата им е минато и ги отвораат плажите за туристи – на пример, Србија викендов во еден ден реши да излекува тамошни 4.000 ковид-случаи, рекласифицирајќи ги асимптоматските заразени како оздравени – кај нас нови полициски часови.

Не е лошо, за некои идни поучни анализи, да дознаеме чија е, точно, идејата за ваков уникатен асимптоматски тестирачки пристап само во Македонија? Што баш сега, а не пред месец дена? Кај нас ли е најразвиениот лабораториски систем на Балканот за процесирање на тестови? Или сме ние некакво ендемско епидемиолошко подрачје за кое нема здравствена споредба?

Оти, вака, само бројките се „дуваат“, а реалните здравствени последици не се ни приближно пропорционално искомпликувани, за да го одразат тој нагол статистички раст на заразените.

Ова, ако е дозволено да се забележи, има и битни (симптоматични!) општествено-политички последици.

Во политичка смисла, резултатот од оваа ситуација е драстично намалување на угледот и поддршката на граѓаните на здравствената епидемиска политика на сегашнава власт, што пред само две недели, со право, бележеше необично високи и упорно долги проценти на доверба. И тоа токму кога решението за датумот за одење на избори „виси на конец“, со познатите ставови и пропагандни техники околу тоа која партија за што се залага по тоа прашање – дијапазонот е од паничен бојкот, преку парализирање на органите за спроведување ред и поредок, до „Албанец за Премиер!“, откако го оженија „заслужниот“ Младоженец кој, со ништо предизвикан, прогласи „убиство“ на вирусот токму во деновите критични за почетокот на новиот „епидемиски бран“ во Македонија!

Такашто, одговорот на провокативниот наслов на овој текст за тоа „Кој му го смести на Филипче?“, веројатно е – си го смести самиот на себе, следејќи го пророштвото на опозицијата дека од „епидемиски принц“, набрзо ќе стане „здравствен џелат“ во Македонија. „Здравствено“ не е за таму, ама политички натаму се тетерави.

Последиците, за среќа, ќе бидат партиско-политички и изборни, бидејќи епидемијата и понатаму е под пристојна контрола. Ако тоа некого уште го интересира.

Ах, да: носете маски, држете растојание и седете дома, оти Македонија има уникатно лоши здравствени ковид-статистики на новозаразени, асимптоматски случаи во Европа.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ