• Latest

Богојески: Груевски мене ништо не ми згреши, им згреши на граѓаните на Македонија

June 9, 2020
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Богојески: Груевски мене ништо не ми згреши, им згреши на граѓаните на Македонија

June 9, 2020 14:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„На мене Груевски ништо лично не ми згреши. Им згреши на граѓаните на Македонија“, со овие зборови го отвори интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Петар Богојески од Македонски концепт, кој на јавноста ѝ стана познат како еден од предводниците на Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ.

„На некој начин од време на реформите до ден денес ние не ја избираме посебно публиката и не се ограничуваме во смисла дека нема добредојден граѓанин кој може да помогне во битката за полна демократизација на земјата. Точно е тоа дека тие процеси се тешки и траат. Ние прогласивме реализација на тогашните заложби со тоа пензионирање на Груевски. За жал, денеска констатираме дека тој не е пензиониран, туку е наредбодавецот од дистанца.

Сепак, самата појава на нов лидер на политичката сцена, како што е господинот Мицкоски, отвори друга димензија. Тоа е она кога големите лидери не сакаат да ги наследат силни личности кои ќе водат своја политика. Господинот Груевски е вундер во кадровската политика и тоа секогаш го признаваме сите. Само он можеше да избере свој наследник кој ќе остане вечно под неговата сукња. Господинот Мицкоски беше пред сѐ избор на господинот Мијалков, не толку на господинот Груевски, но тоа е сѐ едно заедничко“, вели Богојески, алудирајќи на моќноста на Груевски, дури и од дистанца и изборот на Христијан Мицкоски, како нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во служба на истите политички определби како наследство на груевизмот.

„Јас велам, ВМРО-ДПМНЕ одамна веќе е една политичка партија што се претвори во приватна компанија на тројца сопственици. Тоа се Мијалков, Груевски и господарот на мозокот, разумот и свест на Груевски, Мартин Протуѓер. Тоа е тројката што управува со оваа партија од која, јас искрено не сакам да бега од одговорност, и сакам да знаат сите граѓани отворено, јас сум човекот кој застана строго на линијата на Никола Груевски во битката со Љупчо Георгиевски, подржувајќи го новото во ВМРО-ДПМНЕ во 2006. Верувајќи во преродбата на Македонија, кога овие тројца ме убедија дека ние стварно работиме за преродба на Македонија за да направиме вистински нормална држава. И јас не бегам од тоа, напротив, сметам дека тогаш тоа беше единствена опција која нудеше прогрес визави таа зачмаеност на Македонија во 2004/2005 година. Што се случи по 2009/2010 година е долга приказна…“, потенцира Богојески.

„Со господинот Мицкоски сме се убедувале со саати да излеземе од под сукњата на груевизмот. Небитно е кој колку комуникација има со господинот Груевски. Господинот Мицкоски може да се слуша со Груевски секој ден, но мене воопшто не ми смета тоа, можеби ќе каже нешто паметно Груевски. Но, зборувавме да излеземе со политиките од под сукњата на Груевски и груевизмот. И после потрошени саати убедување, личен избор беше на господинот Мицкоски да остане под таа сенка. Јас тоа не го спорам, тоа е негов личен избор, но притоа јас просто не можев да го следам и тука пријателски ни се раздвоија патиштата“, објаснува Богојески, за неговиот избор да излезе од таквата постава на ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камери: Атанас Петровски и Ариан Мехмети
Фотографија и обработка на текст: Биљана Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети


Петар Богојески од Македонски концепт говори за гревовите на минатото и визиите за иднината

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ