• Latest

Како се финансира ВМРО-ДПМНЕ?

June 18, 2020

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Како се финансира ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ води агресивна и скапа кампања со месеци наназад. Од каде пари за тоа? Прашани се за тоа повеќе пати, но одговор од Белата палата нема.

June 18, 2020 12:56
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како се финансираат кампањите на ВМРО-ДПМНЕ? Партијата, како што кажа нејзиниот партиски функционер, Александар Николоски, должи 8 милиони евра. Од друга страна, имотот на партијата ги пробива сите плафони. Само во 2014 и 2015 година, ВМРО купи 63 канцеларии низ целата земја, со површина од 12.000 метри квадратни и вредност од 11 милиони евра.

Се разбира, посебна приказна е огромното седиште на 11.000 метри квадратни во центарот на Скопје. Како што е познато, она грдо чудовиште од зграда е подарок од градежната компанија Бетон, која никогаш не ја откри цената на оваа зграда, а процените се дека вреди околу 16 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ води агресивна и скапа кампања со месеци наназад. Од каде пари за тоа? Прашани се за тоа повеќе пати, но одговор од Белата палата нема.

Впрочем, нема ниту еден одговор на повеќе од 40 прашања до Мицкоски и до портпаролите само во последните неколку месеци. На најразлични начини, формално преку мејл, но и со малку провокација, преку колумни, текстови и видео, се обидуваме да добиеме одговори, но има само молк.

Ако некој троши пари на граѓанките и граѓаните и се бори за позиции во власта, има должност да одговори на прашањата од јавноста. Ако некој одбива да одговори на вакви прашања, значи нешто крие, зарем не?

Да ги спомнеме и непокриените три и кусур милиони евра од изборите во 2011 година и околу 400.000 евра од претседателските избори во 2019 година. Да не говориме за процените од неколку милијарди евра што се исцицани од земјава за време на владеењето на Груевски. Да не зборуваме за милионските суми што „слетале“ на сметките на медиумите што се под нивна контрола.

На сето тоа, добија и буџетски 1.096.000 евра на своја сметка, пари на граѓанките и граѓаните само за оваа година. И наспроти сите повици, избегнаа да му го отстапат „милиончето“ на солидарниот фонд за борба против коронавирусот. Од тие пари ли се плаќа отровната кампања во пресрет на овие избори? Од тие пари ли ќе се плати печатењето на преку 80.000 маици што веќе се набавени?

Прашањето е кратко и јасно. Како се финансира најголемата опозициска партија, најбогатата во Европа, како што проценуваат познавачите.

Време е за одговори. Обврската не е само морално-политичка, туку и законска. Толку за денеска.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ