• Latest
Добро утро со Орданоски

Орце Камчев е крал на светот!

June 19, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Орце Камчев е крал на светот!

June 19, 2020 06:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ќе беше пристојно, ако не и задолжително, пред некој да биде осуден на 7 или 9 години робија, да се побара, од позиција на судија, да бидат предочени цврсти докази за делата со кои се товарат обвинетите. Тоа во Македонија не е секогаш неопходно – да не се разбереме погрешно, не се судиите во принцип против тоа, но не го сметаат за нужно. Ако има докази – во ред; ако нема – не инсистираат по секоја цена! На пример, на Судот му беше доволно што обвинителката имала претпоставка и силен впечаток дека парите од рекетот, за кои никој и сега не знае дали постоеле, завршиле кај осудените.

Неверојатно!

Нејсе. Бидејќи самиот судски процес и драконската пресуда немаат доволно сериозни правни елементи за нив да се расправа, треба да се осврнеме на политичката употребна вредност на оваа неправосилна пресуда, бидејќи заради ништо друго и не се покрена овој процес, освен за да се растури СЈО и да се сруши Заев од власт.

Според тоа, прво, во целиот процес, симбиозата меѓу Орце Камчев и ВМРО-ДПМНЕ, посредувана со силните разузнавачки, пара-политички, криминални и пропагандни кики-фрики платформи, е целосно заокружена. Може да се каже дека растурањето на СЈО е комплетно, со набиена емотивна и интелектуална поддршка од обвинителката Рускоска – омразата кон Катица Јанева, филувана со еден постојан зајадлив цинизам, триумфираше со нејзино потполно приватно уништување, дополнително и заради смртта на нејзините двајца родители за време на судскиот процес – па би се рекло дека е сега прилично извесно дека понатамошното третирање на судскиот предмет „Империја“ (што е самата причина да се смисли „Рекет“), по неуспехот на она што многу потсетува на обид за поткуп, правно ќе се „упокои“ на друг начин. Имено, во „Рекет“, Обвинителството се стави на целосно располагање на Камчев и е заложник на сите матни аспекти на скандалот. Рускоска е долгорочно парализирана. Во најлош случај, доколку „Империја“ и продолжи со некаква обвинителска глумажа, во некоја подалечна иднина ќе заврши со ослободителна пресуда за самиот Камчев.

Околу тоа не треба да се биде наивен, без разлика какво е расположението кон Камчев на „трибините“ на јавноста. Јавноста, впрочем, е политички поларизирана, обожува богати силеџии („Алал да му е!“), секако има кратко памтење, па ќе продолжи да се замајува со „реформите на судскиот систем“ и во деценијата пред нас, без разлика кој ќе ги спроведува.

Во оваа димензија, „Рекет“ е „динамичен“ правно-политички поен за Камчев. Плус, по правосилноста на пресудата, државата ќе треба и да му ја надополни штетата од 1,5 милиони евра, бидејќи Судот го потврди чувствениот впечаток на Обвинителството дека парите ги потрошиле неправосилно осудените. Камчев не оди ни до писоар ако по пат од нешто не профитира.

Второ, паѓањето на Заев од власт… Хммммм… Впечаток е дека „Рекет“ во таа своја внимателно замислена димензија од креаторите на случајот, ќе потфрли. Има премалку време до изборите за битно поместување на политичкото мислење во јавноста, а за успешноста на таа кауза ќе помогнеше ако во 36-те судски рочишта се извадеше некој сериозен доказ за вината на осудените во „Рекет“ или барем за директната персонална поврзаност на политичарите во случајот.

Вака, бидејќи тоа правно не се случи, ќе остане на партиските пропаганди предизборно да се надвикуваат со политички и „стручни“ обвинувања и контра-обвинувања за тоа кој е поголем кабает. Во тој предизборен „натпревар“ резултатот најверојатно ќе биде нерешен, што не ѝ одговара на опозицијата после целата скапа и силна инвестиција во „Рекет“, а со предизборен рејтинг кој значително заостанува зад власта.

Е, добро, де, знаеме дека овде прогресот се мери со чекори, а не во скокови. Тоа е изборот што го имаме.

Можеше Боки по пресудата да извика и дека знае кој го убил Кенеди, но одбра со скромен спектакуларен ефект да каже дека парите од рекетот завршиле кај Заеви. Премалку и предоцна од негова страна, иако кики-фрики пропагандата, ако памтите, таа опција отворено му ја нудеше пред повеќе месеци. Можеби Боки направил погрешна проценка за тајмингот, за што ќе има долго време да размислува до правосилноста на оваа пресуда.

А потоа ќе напише мемоари што ќе се продадат во десетици илјади примероци. Боки е тоа, тој и за време на судскиот процес живееше во некоја своја „Версаче“ паралелна реалност, во центарот на националното внимание. Мала е оваа Македонија за неговиот светски стил.

Конечно, видете, ако на еден Бојко Борисов можеа да му објават фотографии од спалната соба, ние уште долги години ќе живееме во нашите паралелни, кики-фрики конструирани реалности, во кои правда ќе има за сите, освен за оние кои имаат многу пари и многу моќ.

На нашиот „Титаник“, таквите се кралеви на светот!

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ