Утрово во Скопје, на повеќе локации во Центар и Чаир, како и по должината на кејот на Вардар, осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.
[envira-gallery id="145443"]
Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации и се приметува интенцијата на авторите дека сакаат да допрат до што поголем број на граѓани.
Пораките се насочени кон сите граѓани, вклучително и оние кои имаа сомнеж во постоењето на ковид-19 вирусот и опасностите кои ги носи со себе.
Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но исто така и период во кој има бројни обвинувања во јавноста за непостапување на МВР и техничкиот министер Наќе Чулев во рамки на нивните надлежности за спроведување на мерките за заштита од вирусот.
Герила акција: Компас за ВМРО-ДПМНЕ
Герила: Шницла од бизон – потсетник на гозбите на функционерите на Груевски со пари на граѓаните
Герила акција „Аздисаност 2006 -2017 – Никогаш повеќе“
Нова герила инсталација во близина на Камениот мост во Скопје: 300% скок на социјалната помош
Герила: Кутија од Сваровски со приврзок Јустиција пред палатата на правдата во Скопје
Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ изложена на улица „Македонија“












