• Latest
Добро утро со Орданоски

Да се гласа или не, прашање е отсекогаш!

July 8, 2020

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да се гласа или не, прашање е отсекогаш!

July 8, 2020 07:02
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Според теоријата на рационалноста, одговорот е едноставен: одлуката за гласање се темели врз проценката дали користа од гласањето ја надминува штетата од негласање?

За оваа теорија се напишани тони книги и илјадници анализи, но клучните аргументи за негласање – доколку процесот е демократски, се разбира – е ставот дека, на масовни избори на кои учествуваат стотици илјади или милиони граѓани со право на глас, гласачот може да се посомнева дека неговиот ЕДЕН глас може суштински да влијае на конечниот резултат.

Иако, формално, шансата токму вашиот глас да ги реши изборите е инфинитивно помала дури и од шансата да ви падне саксија на глава додека одите на гласачкото место – гласањето е, сепак, демократска норма произлезена од прашањето за припадност или желба за припадност кон одреден слој во општеството, за да се сочува или освои одреден општествен статус. Тоа ви е како дилемата дали да аплаудирате на крајот на некоја оперска изведба: многу луѓе го прават тоа од искрено задоволство, но не се помалку оние кои се изложуваат на таа неколкучасовна театрална, костимирана извештаченост само за таму „да видат и да бидат видени“, па аплаузот на крајот им се подразбира.

Впрочем, доколку прашате кој било македонски граѓанин дали е демократ по своите уверувања, дури и локалниве фашисти ќе ви се заколнат дека и нивната омраза е демократско право! Па, ако во демократијата гласањето е загарантиран облик за учество во изборот на оние што ќе владеат, секој сака да биде препознаен како демократ, а гласањето ја потврдува таа општествена „легитимација“, но и чувството за, некакво, лично достоинство. Ако не гласаш, не ја ни заслужуваш демократијата, а со последиците мораш самиот да живееш потоа.

Гласањето, всушност, е единственото ненасилно средство за какво-такво влијание во политиката.

Иако многумина и не разбираат дека, да се биде демократ не е само прашање на јавен прч, бидејќи подразбира да се однесуваш демократски и кога губиш, а и кога „никој не те гледа“ – на пример, во анонимноста на социјалните мрежи или со секојдневното однесување кон другите членови во семејството. Демократијата не е како, во зимо, да се измочаш во чоени пантолони, па да ти е топло, а никој да не забележи дека си направил беља.

Да, да, затоа таа „трева“ треба да се „полева“ сто години, пред да стане англиска. Колку е поголема гласачката излезност, толку е помала шансата малкумина да решаваат за желбите на многумина.

Во таа смисла, неизвесноста на изборните резултати – каква што е сегашната изборна комбинаторика, на претстојните парламентарни избори во Македонија, за тоа кој, на крајот, со кого ќе ја формира новата влада – всушност е добра мотивација за гласање и остварување на личните очекувања, бидејќи негласањето го зголемува ризикот да не ви се остварат надежите, а ретки се оние кои немаат никакви надежи. Таа неизвесност е подобра отколку да сте сигурни дека вашата опција сигурно губи или сигурно добива, што подеднакво ја демотивира одлуката дали да гласате.

А, во Македонија, на овие избори навистина има избор: да се продолжи со нешто што го МОЖЕМЕ, или да се оди на ОБНОВА на она што, не така одамна, го оставивме зад нас. Понудите, без сомневање, не се идеални, но се дистинктивно различни за оние кои сè уште се двоумат.

Затоа, на крајот, на овие избори нема да излезат само оние кои или не сакаат во никаков случај да се изложат на ризикот на заразата; или оние кои мислат дека во целата изборна понуда нема ама баш никаков бенефит за нив. За првите треба да се има разбирање. Вторите имаат уште неколку дена, навистина, добро да размислат, бидејќи лутината или цинизмот се минливи, а заедничката иднина ќе ја кројат победниците.

Според тоа, да се гласа или не?

Кој како сака, но постои веројатност дека овие демократски избори ќе ги решат оние кои нема да гласаат – нема да биде прв пат лоши политичари да се изберат од добри граѓани кои се откажале од своето право на избор.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ