• Latest

Кој кому капа крои?

July 13, 2020

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Кој кому капа крои?

Нека победат граѓанките и граѓаните.

July 13, 2020 08:15
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Зошто да гласам? На кој начин можам да влијаам со моето гласање? Има ли добра понуда за мене на политичкиот пазар? Што имам јас лично од гласањето на избори? Дали јас доволно се разбирам од политика за да гласам? Дали со гласањето започнува и завршува моето учество во донесувањето на одлуките? Дали да ја послушам сопругата и да одам да гласам или да одам на пиво со другарите? Или и двете?

И додека траат првите часови од изборниот молк кој, нели, никој и никогаш во оваа земја не го крши, ќе се обидам да дадам неколку можни одговори на овие прашања. Има потреба да напишам дека „никој и никогаш во оваа земја не го крши изборниот молк“ е иронија? Не? Знаев дека не мора.

Пред да се обидам да споделам неколку размислувања околу овие граѓански прашања, сакам на сите да им посакам фер, слободни, мирни и достоинствени избори. Нека победат граѓанките и граѓаните!

Одговорите на овие прашања не се совршени, како што не се совршени ниту демократијата, ниту човекот, а најмалку политичките партии, но во нив се содржани ставови произлезени од искуство. Секој од овие ставови може да биде реалност, а не фраза, толку колку што секој поединечно ќе одлучи за себе. Не е лесно, но ни оддалеку не е невозможно.

Се гласа затоа што тоа е основно човеково право. Слободно, без страв и без принуда, секој има право на глас. Купувањето гласови е кривично дело.

Прво и основно – секој од нас мора барем малку да се занимава со политика, бидејќи политиката секако се занимава со сите нас, колку и да бегаме од неа. Колку повеќе велиме дека не нѐ интересира политиката, толку повеќе политиката се интересира за нас. Ако се согласивме дотука, може да продолжиме со овој наш муабет.

Гласањето е можност за секого да учествува во најважните одлуки за него и за целата заедница или општеството. Секој ден, некој носи одлуки во името на граѓанките и граѓаните. Тоа се одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на секој од нас: здравјето, школувањето, грижата за децата, висината на давачките, минималните приходи, социјалната помош, животната средина, јавната чистота, транспортот, безбедноста… Затоа, учеството во тие одлуки е пресудно, а тоа се постигнува со гласање. Се разбира, учеството во демократскиот живот на општеството не завршува, но сигурно започнува со гласањето.

Да се разбереме, правото на глас не е играчка. Во минатото, луѓето го посветувале целиот свој живот на борбата за правото на глас, правото на демократско уредување во кое луѓето се еднакви и можат да учествуваат во одлуките за тоа каква ќе биде нивната иднина. Многумина го положиле и својот живот во таа борба. Правото на глас е огромна придобивка до која се дошло тешко и по цена на многу животи.

Секој гласач поединечно е дел од една голема одлука. Иако тоа изгледа тешко веројатно, но во демократијата и еден глас може да направи драматична разлика во тоа кој и како ќе владее во земјата. Важно е да се слушне сечиј глас и сечиј став – гласањето е можност да се влијае врз животот на секој од нас. Секој има некоја потреба, секој гради некое сопствено убедување, секој има некаква цел во животот… Гласањето е можност да се приближат луѓето до посакуваните цели. Тоа е инвестиција во иднината, таква каква што секој ја замислува.

Тие што се избрани знаат дека нивната одговорност е дотолку повисока ако на изборите гласале повеќе луѓе. Гласачите сакаат да видат во што го инвестирале својот глас. Имаат право, ако победи нивниот кандидат, гласно да бараат исполнување на ветувањата. Ако нивниот кандидат изгуби, а не се задоволни од победникот, тоа е дотолку повеќе причина тие да бидат остри критичари на избраните од мнозинството.

Гласањето не е само избирање на кандидатка или кандидат. Тоа е избор на политики во најдобар можен интерес на тој што го држи пенкалото зад пултот за гласање. Без оглед на тоа дали има добра или лоша понуда, дали им верува или не им верува на политичарите, гласачот е тој што го дава тактот во годините од наредниот мандат. Со чинот на гласањето не се стигнува автоматски до целта, но секако е крупен чекор кон неа.

Иако гласањето трае само неколку минути, ефектот е подолготраен дури и од мандатот на избраните политичари. И, да не заборавиме… Гласањето е бесплатно!

Сите плаќаат даноци. Затоа, сите треба да го искористат и правото да влијаат на нивната висина и на начинот на кој се трошат тие даноци. Сите имаат потреба од здравство, образование, патишта, стандард, безбедност, домување, помош кога се невработени, грижа кога се стари и изнемоштени. Гласањето им овозможува да одберат како и колку ќе го добијат тоа што им е потребно.

И, на крајот на краиштата, оние што не гласаат, се согласуваат други да одлучуваат за нив.

Ако сакате другите да одлучуваат за вас, тогаш ништо. Седете дома. Другите ќе ви ја кројат капата.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ