• Latest

Остри реакции за родово-базиран говор на омраза и заканите кон новинарката Тања Милевска

July 14, 2020
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Остри реакции за родово-базиран говор на омраза и заканите кон новинарката Тања Милевска

July 14, 2020 16:14
in Uncategorized, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката Тања Милевска деновиве е жртва на родово-базиран говор на омраза, закани и навреди на социјалната мрежа Твитер.

Овој случај не е реткост, каде новинарка е нападната и понижувана на социјалните мрежи, кои најчесто доаѓаат од лажни профили.

Владата вчера најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска.

„Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме. Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме. Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката“, стои во соопштението на Владата.

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и
Советот на етика во медиумите во Македонија (СЕММ) упатија остри реакции на говорот на омраза и директните закани по живот.

Од иституцииите бараат итна реакција и будно следење на ваквите појави, а од партиите јавна осуда на нападите и поддршка на новинарските заложби за слободата на говор и заштита на медиумските работници.

„Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и ваквите директни закани се опфатени со Кривичниот законик со што должност е на институциите, првенствено на МВР и на Јавното обвинителство, итно да ги истражат и процесуираат. Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор одат рака од рака, заедно со демократските обележја на една држава. Ваквиот јавен дискурс во којшто најбезобразно се напаѓаат новинари и тоа со најотворени закани по живот е недозволив и незамислив за едно демократско општество“, пишува во реакцијата од трите здруженија.

За случајот на Милевска реагираше во писмено соопштение и Европската комисија, каде истакнаа дека секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден, и дека новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување.

„Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата и е во ДНК-то на Европа. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми, а почитувањето на слободата на изразување е од суштинско значење“, соопштија од ЕК.

Денеска на реакциите се приклучи и Министерството за информатичко општество и администрација. Воедно, МИОА, како што посочува во соопштението, ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.

„Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa“, стои во соопштението на МИОА.

ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон низата реакции од институциите и потсетува дека говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено и треба да се искорени!

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да се санкционира соодветно.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ