• Latest

Што сè се случи за првпат на изборите?

July 19, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Што сè се случи за првпат на изборите?

Изборите беа џиновски двобој меѓу прогресот и минатото. На едната страна беше Заев (со СДСМ, ребрендиран и со модерен, светски стил), антинационалист, отворен, позитивен, прогресивен и насмеан, со заслуги за влез во НАТО, одмрзнување на патот кон ЕУ, решени спорови со соседите... Од другата страна беше Мицкоски (со ВМРО-ДПМНЕ и огромниот криминален багаж), мрачен, крајно негативен, злокобен, националист, со поглед кон минатото, плачлив...

July 19, 2020 14:18
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Интересно е да се види што сè се случи за првпат на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на кои победија Зоран Заев и коалицијата што ја состави и ја водеше.

Во исклучително тешки и деликатни услови, Заев на овие избори, истрча на теренот со првата предизборна коалиција што беше вистински мултиетничка – за првпат една од најголемите партии коалицира со партија на Албанците во земјата, заедно со сите други заедници.

И победи. Однесе чиста, иако тесна, победа. Се водеше жестока и валкана кампања веќе две години, не само во текот на изборниот процес, со која се туркаше тезата дека тој што ќе го смени името на државата, ќе биде апсолутен губитник и дека ќе исчезне од политиката. Зоран Заев го докажа токму спротивното и излезе со чиста изборна победа. Голем број граѓанки и граѓани препознаа дека се работи за додавка на името на државата, а не за промена, и дека тоа нè воведе во НАТО, ги отвори портите на ЕУ и ја врати земјата на мапата на прогресивниот свет. Од ФИРОМци – Македонци, со македонски јазик, идентитет и македонска држава…

Заев за првпат го поведе СДСМ во изборна победа од позиција на власт, ако не ги сметаме изборите во 1994 година кога опозицијата ги бојкотираше изборите и му подари апсолутна предност на Бранко Црвенковски.

Во источниот дел од земјата, во повеќе градови со огромно мнозинство Македонци, СДСМ првпат однесе изборна победа. Така, СДСМ победи во Кочани, првпат по 18 години.

За првпат се гласаше во услови на епидемија од коронавирусот. СДСМ посвети голем дел од својата кампања на промоција на мерки за заштита од коронавирусот, што придонесе кон почитување на тие мерки кај најголем дел од гласачите и изборната администрација. Се разбира, во промоцијата на здравствените протоколи помогнаа и неколку невладини организации. Да останеше на Мицкоски и неговиот технички министер, ќе беше сосема поинаку (кафана, теретана, гушкање, стискање)…

Некои медиуми ја прогласија Љатифа Шиковска за прва жена Ромка во парламентот, но, сепак, се работи за втора жена Ромка, по Ѓулистана Марковска (1991 и 1998-2002), иако стои и фактот дека Љатифа е прва Ромка – активистка за човековите права на Ромите која доби место во парламентот.

За првпат видовме кампања со целосна инклузивност и на лицата со посебни потреби. Искрено и во целост, СДСМ ја водеше кампањата придружена со знаковен јазик и со аудио содржини, соодветно на различните категории на лицата со попреченост. Веројатно, оттаму произлезе и отворената поддршка од националните сојузи на лицата со посебни потреби.

Изборите беа џиновски двобој меѓу прогресот и минатото. На едната страна беше Заев (со СДСМ, ребрендиран и со модерен, светски стил), антинационалист, отворен, позитивен, прогресивен и насмеан, со заслуги за влез во НАТО, одмрзнување на патот кон ЕУ, решени спорови со соседите… Од другата страна беше Мицкоски (со ВМРО-ДПМНЕ и огромниот криминален багаж), мрачен, крајно негативен, злокобен, националист, со поглед кон минатото, плачлив… Ни во свое маало не победи, но тоа не е првпат.

За одбележување е и битката на албанските гласачи против речиси дводецениската политичка доминација на ДУИ. Излегоа победници во таа битка, со бројот на освоени места за пратениците Албанци (18 наспроти 15). Наспроти силниот притисок (не е првпат) врз гласачите Албанци, со злоупотреба на јавните ресурси.

За првпат, во Собранието влегува партија со име дијаметрално спротивно на пораките, однесувањето и политиките што ги промовира, но тоа е друга приказна која не заслужува да се раскажува на ова место.

Да се вратиме на Заев… Човекот, откако се појави во политиката, постојано донесува одлуки за кои никој претходно немал храброст и далекувидост ни да помисли на нив, а не, пак, навистина да ги донесе и спроведе. Сосе сите грешки и пропусти, но без исклучок – секогаш во тешки и комплицирани околности.

И сето тоа, без плата. Повеќе од 15 години наназад ја донира во добротворни цели. Ретко кој го знае тоа. Веројатно и тука има некое „првпат“.

Сега, останува да видиме какви политички акробации ќе изведе Заев (некои и за првпат) при составување на новата влада…

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share92Tweet58Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ