• Latest

Приговори, тужби и најава за протести, а преговори за влада по Илинден

July 22, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Приговори, тужби и најава за протести, а преговори за влада по Илинден

July 22, 2020 15:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Започна втората седмица по одржувањето на предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија. По релативно мирниот изборен ден и скандалозниот пад на сајтот на Државната изборна комисија при броењето на гласачките ливчиња вечерта, политичката сцена е во привиден мир, со силни припреми во позадина за преговарање за составувањето на новата Влада.

Минатата вечер заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  на кој се донесоа новини во партискиот статут. Една од новините  е дека  статутот на ВМРО-ДПМНЕ веќе не предвидува Почесен претседател, што значи дека сегашниот, Никола Груевски (поранешен претседател на партијата и премиер на земјата, а сега политички азилант во Унгарија), како и други поранешни, нема да бидат веќе почесни претседатели, во согласност со новиот статут на партијата.

На синоќешната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ се донесе едногласна одлука за овластување на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, да учествува во преговорите за формирање на новата Влада на Република Северна Македонија. Од партијата соопштуваат дека новите одлуки се во однос на демократизација на партијата, пренесување на поголеми надлежности на членството, органите и телата на партијата, следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии.

Поранешниот директор на УБК и поранешен член во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков кој, инаку, е формално во домашен притвор, порача дека актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, треба да даде оставка заради слабиот резултат од изборите.

Од СДСМ реагираа на одлуките на синоќешната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ  укажувајќи дека граѓаните на изборите јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски , и дека со наводните промени на статутот само го покриваат поразот.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека процесот на преговорите помеѓу партиите за формирање на новата Влада, ќе започне по Илинден, односно по 2 август, и дека според резултатите од изборите, мандатот за формирање на новата Влада ѝ припаѓа на коалицијата „Можеме“ (СДСМ – БЕСА). И покрај предизборните изјави и препукувања со одредени партии, Заев соопштува дека ќе разговара со сите политички партии што се подготвени да го прифатат европскиот и демократскиот концепт на државата.

Од коалицијата на Алијансата за Албанците – Алтернатива најавуваат протести заради изборните нерегуларности што се случија во текот на изборниот ден, односно, според наодите од партијата, заради кражба на гласови и полнење кутии во одредени гласачки места. Протестот ќе се одржи во понеделник, а протестната поворка ќе тргне во 18 часот од Чаир, а ќе продолжи пред канцелариите на ЕУ во Скопје и Државната Изборна Комисија. Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива поднесоа 74 приговори до ДИК. Сите приговори беа одбиени.

До Државната изборна комисија поднесени се 2.242 приговори од политичките партии што учествуваа во изборниот процес на 15 јули. ДИК ги одби сите приговори.

Тужби по решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори до Управниот суд досега поднеле само Интегра, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Левица (дури 102 тужби). Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК.

Демократската Унија за Интеграции (ДУИ) во своите комуникации со медиумите и јавноста настапуваат како главен фактор за составување на новата Влада.  Од ДУИ не поднесоа приговори до ДИК.

Диана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ