• Latest

Интензивна работа за постигнување коалициски договор за стабилна Влада, ДКСК со проверка дали Ангеловска ја злоупотребила службената позиција, онлајн панел дискустии на тема „Национализам“ на ЦИВИЛ…

August 17, 2020
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Интензивна работа за постигнување коалициски договор за стабилна Влада, ДКСК со проверка дали Ангеловска ја злоупотребила службената позиција, онлајн панел дискустии на тема „Национализам“ на ЦИВИЛ…

August 17, 2020 16:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СДСМ И ДУИ: Коалициски договор за идна стабилна Влада

СДСМ информира дека за време на викендот и денес продолжиле интезивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада.

„Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“, стои во нивното соопштение.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот, кој ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Програмата започнува со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Со почеток во 11:30 започнува панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис). Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети ќе разговараат на темата во терминот од 13 до 14 часот, додека Џабир Дерала ќе одржи јавна презентација во 14:30 часот. Во 15:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист.

Граѓанската активистка Виолета Димовска, како одговор на повикот на акција на ЦИВИЛ Граѓански форум за учество во креирање на владините политики, побара од идната Влада подигнување на општата свест за адаптација и навремено и адекватно реагирање на климатските промени.

„Во Македонија многу малку се посветува внимание на воспитно-образовните модели за едукација и самозаштита во предучилишното и основното образование, дури може да се каже дека и е доста занемарено. Во предучилишното образование воопшто не постојат програми за едукација на самозаштита, додека во основното образование се обрнува сосем мал дел и тоа во предмети кои што се изборни а не задолжителни за сите ученици. Импликацијатa е дека ако се случи катастрофа, раното предупредување може да спречи штети од пошироки размери“, вели Димовска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерство за труд и социјална политика за ЦИВИЛ Медиа велат дека во вчерашниот пожар што избувна во две бараки во Центарот за згрижување бездомни лица во Чичино село нема повредени и дека во тек е увид на екипа на МВР за целосно документирање на случајот.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува дали министерката Нина Ангеловска ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка кога ги повлекла парите од депозитот или во тој момент не била информирана што ќе се случува.

Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ закажано на 8 октомври

Еврокомесарот Самуел Жбогар во септември заминува од Македонија завршувајќи го четиригодишниот мандат. Своето заминување го најави на социјалните мрежи.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што оваа година поради пандемијата со КОВИД-19 се одржува дигитално.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сите индикатори укажуваат на ова: и тоа дека секој од нас има сопствена искривена слика за нештата, и тоа дека не можеме да воспоставиме трајни меѓусебни релации (бидејќи сме постојани жртви на илузиите создадени од играта на светлината), и тоа дека луѓето кои доаѓаат однадвор или се смеат или нè доживуваат како чудовишта“, пишува Мирјана Најчевска, во колумната „Искривено огледало“

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ