• Latest

СДСМ ги добива клучните ресори, ЦИВИЛ продолжува со панел дискусии и интервјуа на тема национализам…

August 19, 2020
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СДСМ ги добива клучните ресори, ЦИВИЛ продолжува со панел дискусии и интервјуа на тема национализам…

August 19, 2020 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ СДСМ ги добива клучните владини ресори, Заев ќе води Влада со фокус на економијата и правдата

Веќе се гледаат контурите на новата влада, иако сѐ уште нема официјални податоци за поделбата на ресори. Едно е сосема јасно, Зоран Заев доби полн четиригодишен мандат. Тој ќе води Влада со очигледна амбиција во овој мандат да се посвети на домашните теми, со посебен фокус на економијата и правдата.

Во секој момент се очекува да се распрснат сите шпекулации и зајадливи коментари како меур од сапуница. Иако се очекуваше дека ДУИ ќе добие несразмерен колач од ресорите во владата, Заев во преговорите успеа да воспостави избалансиран состав на влада, соодветен на основната програмска ориентација и ветувања. Тој, со ваков состав на владата добива ветер во грбот.

Ексклузивно дознаваме дека СДСМ ги добива клучните ресори: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование, труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство и одбрана.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ организираше  серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и денеска (среда), 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот. Панел дискусиите се пренесуваа во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Денешната програмата започна  со  интервју со Џевдет Хајредини, експерт за финансии и економија, потоа следеше едночасовна панел дискусија на темата национализам на која учествуваа Фари Хисени од МОФ, актерката и активистка Владанка Димковска и Самет Шабани од Хоризон Цивитас.

Мерита Максути на интервју говореше за присутноста и институционалната застапеност на зелените вредности. Во 16 часот Мерсиха Смаиловиќ во интервју за ЦИВИЛ ќе говори за национализмот, а веднаш потоа Виолета Димовска ќе зборува за зелени вредности.

Од мониторингот на ЦИВИЛ за изборниот процес денеска можете да ја прочитате анализата –

Избори 2020: Изборната администрација предизвикала повеќе од половина нерегуларности

Изборната администрација предизвикала повеќе од половина од нерегуларностите што на денот на вонредните парламентарни избори ги воочија набљудувачите на Цивил, покажува првичната анализа на извештаите на 314 набљудувачи. Во 421 извештај за изборни нерегуларности од набљудувачите, во 222 причинител била изборната администрација. На второ место се граѓаните, односно гласачите, во 62 случаи, а политичките партии се на четвртото место, како причинители на нерегуларности во 37 извештаи.

Повеќе од една четвртина од извештаите, или 115, имаат наведено премногу категории нерегуларности за да можат да се вбројат во која било од 16 стандардизирани категории нерегуларности. Најбројна поединечна категорија е „незаконито однесување“, со вкупно 90 инциденти, во која 64 се однесуваат на незаконитости на работата на изборните комисии, 18 на незаконито однесување на партиски структури, а остатокот на поединци.

Новата категорија нерегуларности, воведена за овој изборен циклус, односно кршење на протоколите за заштита од корона вирусот, е втора по бројот на нарушувања, со 54 извештаи каде што е главна воочена нерегуларност, и десетина во кои е една од споредните.

Набљудувачите поднесоа стотина извештаи за класични изборни нерегуларности: 29 извештаи за проблеми со избирачкиот список, 22 за нарушување на тајноста на гласањето, 20 за различни форми на закани и притисоци, 14 за семејно или групно гласање и 13 за проблеми со изборниот материјал. Покрај нив се и 10 случаи на кршење на изборниот молк, шест на непрофесионално и пристрасно однесување на набљудувачите и два случаи во кои тие биле опструирани во нивната работа. Во еден случај, во Прилеп пред ОУ „Кире Гаврилоски“ во кое се наоѓаат повеќе гласачки места, едно лице на гласање дошло со огнено оружје при што во дворот на училиштето нападнал сограѓанин. Интервенирала полицијата и лицето било приведено.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Алијансата за Албанците и Алтернатива најавија жесток отпор против политиките на ДУИ во Парламентот со кој за брзо време ќе ја срушат најавената владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ

На Светскиот ден на хуманитарноста, 19 август, светот ги одбележува хуманитарните работници убиени и повредени во текот на својата работа, а истовремено им оддава почит на поддршка на сите здравствени работници кои неуморно пружаат заштита и  помош во време на глобална криза со пандемијата од Ковид-19.

Оваа година Светскиот ден на хуманитарноста се одбележува со Глобална кампања во која се слават хуманитарците – „благодарам“ на луѓето кои ги посветија своите животи да им помагаат на другите. На овој начин им се укажува посебна почит на хероите од реалниот живот, кои ги посветија своите животи да им помагаат на другите во најекстремните околности низ целиот свет.

Грчките медиуми за договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада -„Северна Македонија: Зоран Заев останува премиер“; „Северна Македонија: Договор за формирање влада“; „Скопје: Договор меѓу Заев и Ахмети“; „Договор на Заев и Ахмети за формирање влада во Северна Македонија“, „Северна Македонија: Заев се договори со Ахмети“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ