• Latest

СДСМ и ДУИ постигнаа договор, Заев ќе биде нов премиер, Албанец-премиер последните 100 дена од новата влада, ЦИВИЛ со целодневна агенда на тема – национализам…

August 18, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СДСМ и ДУИ постигнаа договор, Заев ќе биде нов премиер, Албанец-премиер последните 100 дена од новата влада, ЦИВИЛ со целодневна агенда на тема – национализам…

August 18, 2020 17:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев и Ахмети постигнаа договор за формирање на нова влада

СДСМ и ДУИ постигнаа коалициски договор за создавање на парламентарно мнозинство и состав на новата Влада со полн мандат, соопшти мандатарот Зоран Заев. Тој вели дека во следните 4 години ќе работи посветено на интересите на државата.

„Дел од принципите на кои се темели новиот коалициски договор се: Одговорни и отчетни кадри за сите ресори, рамноправно учество на мажи и жени во извршната власт, нема да се предлагаат министри без ресор, јакнење на економскиот стандард, неселективно борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа, проверка на имотот на функционерите и намалување на привилегиите, зголемувањена транспарентноста и отчетноста на сите нивоа на власта, заштитата на животната средина. Ќе се укине пржинската влада, ќе се измени изборниот модел, ќе се намали обемот на администрацијата за 20 проценти, а сите вработени по Рамковен договор ќе тргнат на работа“, изјави Заев, по средбата со Ахмети.

Договорот ќе биде претставен пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ.

И лидерот на ДИУ, Али Ахмети истакна дека е постигнат договор за нова влада и на крај порача „Господ да ни е на помош“.

Mандатарот Зоран Заев ќе биде премиер во следните четири години, а ДУИ ќе може да предложи премиер-Албанец во последните 100 дена од новата влада. Ова е договорот што го постигнале Заев и Ахмети за клучната позиција, која е предизборно ветување на интегративците.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот, кој ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Програмата започна со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Со почеток во 11:30 се одржа панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис). Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети  разговараа на темата во терминот од 13 до 14 часот.

Активистот Бранимир Јовановиќ говори за национализмот и социјалната правда.

Утре во 10:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист, ќе има панел дискусија во 12 часот со Дехран Муратов, ЦИВИЛ, Фари Хисени од МОФ, актерката Владанка Димовска како и Самет. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ќе одржи јавна презентација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за  учениците од прво до трето одделение и во училишта со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба, за што општините ќе добиваат согласности од  Владата. Ова беше и конечен предлог на Комисијата за заразни болести, а одлуката денеска на седница ја донесе Владата.

Довербата на граѓаните во институциите се гради и заслужува само преку одговорна политика и бескомпромисна борба со оние што ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ. Ако не сме еднакви сите пред законот и ако политичката власт се користи за личното, а не за јавното добро, таквата држава нема перспектива, порача денеска претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, во обраќањето по повод Денот на Армијата.

Претседавачот на Собранието Талат Џафери изјави дека ќе закаже продолжение на конститутивната седница штом добие потврда дека партиите ги решиле двете останати прашања – избор на претседател на законодавниот дом и комисија за избори и именувања.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ