ВЕСТ НА ДЕНОТ: Утврдени оставките на Заев и Бесими, на нивно место пратеници во Собранието Бедри Фазли и Драгица Ѓавончанова
На денешната собраниска седница, што уште е во тек се констатитраа оставките од пратеничката функција на Зоран Заев и Фљорим Бесими. На нивно место, следни на листата на кандидати беа Бедри Фазли и Драгица Ѓавончанова, н кои Државната изборна комисија им го утврди мандатот, согласно добиените извештаи од Собранието.
Се очекува оставки да поднесат и други пратеници кои треба да заминат на нови функции во извршната власт, a тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ: Молкот на институциите и неказнивоста стануваат неподносливи!
Мораме да забележиме дека говорот на омразата, вулгарностите и навредите кои често се упатуваат во коментарите на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ и ЦИВИЛ МЕДИА се придружени и со основно непознавање на тоа за што се коментира. Многу показатели упатуваат на заклучокот дека се работи за организирани групи кои добиваат инструкции да напаѓаат сѐ што е различно од нивната партиска матрица, без да се потрудат ниту да проверат каде ги насочува централата.
ЦИВИЛ со години ги повикува политичките партии да ги зауздаат своите партиски тролови и да ги охрабрат своите поддржувачи да размислуваат со своја глава, да се изразуваат пристојно и независно од нивните штабови за пропаганда. Сите повици до сега останаа без никаков одзив од политичките партии кои се познати по својата продукција на омраза и лажни вести. Напротив, партиските пропагандни штабови на овие ентитети продолжуваат со своето срамно и неодговорно однесување, уништувајќи ги сите шанси за аргументирана дебата во јавноста. Затоа, време е да реагираат институциите и јавноста.
Институциите, по којзнае кој пат, се повикани да постапат соодветно на законите и на обврските да им служат на граѓанките и граѓаните. Молкот на институциите и неказнивоста навистина стануваат неподносливи!
ФЛЕШ ВЕСТИ
Трифун Костовски ги повика политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации да го поддржат во барањето за повлекување на одлуката за стечај на Еуростандард банка поради потенцијални купувачи на банката
Продолжуваат јавните повици за вонреден конгрес, ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром поделен во поддршката и во барањето оставка од Христијан Мицкоски
Претседателот на државата Стево Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување на вонредна состојба во услови на Ковид-19 до Собранието за потврдување
Претставници од Сојузот на средношколци изутрината присуствуваа на состанокот на Комисијата за заразни болести и им беа презентирани извештаите со деталната состојба со Ковид-19 во државава, соопшти Министерството за здравство.
Влада со одговор до ДКСК: Министрите што беа избрани за пратеници земаат плата за ангажманот во Влада, а не и во Собрание.
Истражување: Граѓаните повеќе веруваат на лажни вести и политичка заштита отколку во институциите
Ред, правда, дисциплина и решавање на предметите од СЈО вети денеска СДСМ како предводник на новата Влада
СЛОБОДНА ЗОНА
Како можеме да управуваме со човечките општества, а да не сме разбрале дека сме дел од природата, а не сме над неа, ниту ја поседуваме. Сè повеќе станува јасно дека човечкото однесување е директно поврзано со негативните ефекти на природата загадување на воздухот, водата, намалување на биодиверзитетот. Затоа треба и да го проучуваме и да го промовираме однесувањето кон животна средина, пишува Мерита Максути во нејзата анализа „Зелени вредности?“
Б. Јордановска